За Родители
Права на родителите
Родителот односно старателот на детето има право:
- да биде запознат со одделни делови од програмата за работа, правата и обврските на учениците и организацијата на работата во училиштето
- -да го запише детето во основно училиште во реонот во кој живее или каде што престојува или во друго основно училиште или реон доколку има согласност од училиштето во кое се запишува
- -на свое претходно барање ,а на позитивно мислење на педагогот или психологот да го запише ученикот во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната календарска година.
- – на свое претходно барање ,здравствената установа може а го одложи запишувањето на ученикот за една година доколку се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште
- -да биде известен за подготвеноста за поаѓање на училиште на детето најмалку два месеци пред почетокот на наставата
- -детето со посебни образовни потреби да го запише во училиште, освен во случаи кога посебните потреби на дето се такви што тоа трба да следи настава во посебно основно училиште
- – на свое претходно барање ,а на позитивно мислење на педагогот или психологот ученикот кој наполнил 16 години може да го продолжи образованието до навршување на 17 години
- -да биде упатен на советување ( преку покана упатена по телефон,по пошта или со лична достава најмалку осум дена пред одржување на советувањето) ако:
- ученикот во текот на наставната година има негативна оценка по три или повеќе предмети
- ученикот има направено повеќе од 10 неоправдани или 100 оправдани изостаноци
- ученикот е недисциплиниран
- ученикот го навреди наставникот
- ученикот учествува во тепачки или други форми на насилство
- ученикот покажува асоцијално или антисоцијално поведение
- ученикот се однесува неморално и неетички
- во краток период на ученикот значително му опадне успехот
- -Да биде известен за успехот на ученикот од страна на одделенскиот или класниот раководител на паралелката најмалку два пати во секое полугодие -Да му бидат соопштени годишните оценки на ученикот од страна на одделенскиот или класниот раководител на паралелката на родителска средба која се одржува три дена по денот на оржување на Наставничкиот совет на кој се утврдуваат годишните оценки на учениците
- -Да биде известен за изречените педагошки мерки кон ученикот ,или доколку е упатен ученикот на дополнителна настава
- -Да поднесе писмен приговор кој ќе биде образложен до Наставничкиот совет доколку не е задоволен од годишната оценка
- -Доколку ученикот (од прво до петто одд) не успеал да ги совлада наставните содржини од оправдани причини (болест ,преселување и сл) по предлог на родителот или одд.наставник и стручен соработник ,а во согласнодт со родителот може да остане во истото одделение за што одлука донесува Наставничкиот совет.
- -Ученикот од прво до трето одделене ,по предлог на наставникот,а по мислење на стручните соработници на училиштето и во согласност со родителот може забрзано да напредува и премине во наредно одделение,за што одлука донесува Наставнички совет
- -Ученикот од четврто до девето одделене ,по предлог на одделенскиот раководител , а по одобрување од Наставничкоит совет и во согласност со родителот може забрзано да напредува и премине во наредно одделение,за што одлука донесува Наставнички совет
Обврски на родителите
Родителот односно старатаелот на ученикот е должен
- да му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование
- -да го запише детето во прво одделение доколку до крајот на календарската година наполни шест години и при тоа е должен да достави потврда за примени вакцини за детето издадена од надлежна здравствена организација
- -да го извести раководителот на паралелката за секое изостанување на ученикот од наставата –
- да се јави на поканата за советување
- Доколку од оправдани причини не може да се јави на поканата е должен за отсуството да го извести одделенскиот односно раководителот на паралелката пред одржувањето на советувањето или во рок од три дена по советувањето :
- Ако родителот ,односно старателот се повикува на советување повеќе од четири пати,на секое следно советување присуствува претстевник од Педагошката служба
- Ако родителот односно старателот не се јави на советување и по третата покана се известува Центарит за социјални работи
- Педагошката служба ,за родителите кои не се јавиле на поканата и истите не го оправдале своето отсуство поднесува предлог за прекршочна постапка
Прекршочни одредби
- Глоба од 200 евра во денарска противречност ќе му се изрече на родителот ,односно старателот ако ученикот не е запишан во утврдениот рок
- Глоба од 200 до 250 евра во денарска противречност ќе му се изрече на родителот ,односно старателот за прекршок ако не се јави во утврдениот термин за советување по втората упатена покана
- Глоба од 500 до 700 евра во денарска противречност ќе му се изрече на родителот ,односно старателот за прекршок ако не се јави во утврдениот термин за советување по третата упатена покана
- Глоба од 1.000 евра во денарска противречност ќе му се изрече на родителот ,односно старателот ако не му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание
- Глоба од 1.000 евра во денарска противречност ќе му се изрече на родителот ,односно старателот ако родителот односно старателот или неговото дете врши телесно или психичко малтретирање на наставник ,стручен соработник или воспитувач
Совет на родители
- -За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите на учениците се формира Совет на родители на училиштето –
- Во Советот на родители на училиштето има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите на родителски состанок на паралелката
- Советот на родители :
- дава мислење за предлог програмата за развој на основното училиште *расправа за извештајот за работата на училиштето
- преглага програма за подобрување на стандардите за наставата
- дава согласност на предлозите на директорот за воведување на повисоки стандарди
- разгледува жалби на родителите во врска со воспитно –образовната работа *избира претставници во училишниот одбор на основното училиште
Права на учениците
- -Децата државјани на државите членки на Европската унија чии родители се со престој во РМ каде вршат или вршеле самостојна дејност кои се вработени или биле вработени на територијата на РМ,имаат право на стекнување на знаење на мајчиниот јазик и култура на државата од која потекнуваат
- – Ученикот има право да ја посетува наставата и да учествува во воспитно образовната работа што ја организира основното училиште
- -Од здравствени причини да биде ослободен од учеството во одредени активности во наставата во основното училиште,врз основа на потврда издадена од соодветна здравствена установа
- -Да отсуствува од настава ако неговиот родител отсуството го најави однапред во училиштето, но не повеќе од пет дена во наставната година
- – Директорот на училиштето по писмено барање на родителот од оправдани причини може да му дозволи на ученикот подолго изостанување од наставата , но не подолго од 30 дена
- -На ученикот кој наполнил 16 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година
- -На ученикот со посебни образовни потреби кој наполнил 20 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година
- -Ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два килиметри од најблиското основно училиште
- – Учениците со посебни образовни потреби имаат право на бесплатен превоз без оглед на оддалеченоста на нивното местото на живеење од основно училиште
- -Ученикот кој има одличен успех и посебно се истакнува со способностите,знаењата и работните навики може побрзо да напредува
- -Да посетува додатна настава доколку сака
Обврски на учениците
- -Ученикот има обврска редовно да ја посетува наставата и да ги исполнува планираните обврски и задачи што се предвидени со наставниот план и програми и годишната програма за работа
- На ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на воспитно образовната работа се применуваат следните педагошки мерки: укор,усна опомена, писмена опомена, намалување на поведението, преместување на ученикот во друга паралелка и преместување на ученикот во друго основно училиште
- Да посетува дополнителна настава доколку:
- *има најмалку две слаби оценки
- има слаби резултати по одреден предмет
- отсуствува од наставата по одреден предмет
- на барање на ученикот или родителот,односно стараелот
Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмета со најмногу четири наставни часовипо наставен предмет.
Доколку ученикот не ги посетува часовите по дополнителна настава добива неоправдан изостанок.
ООУ ЈОСИП БРОЗ ТИТО
ВАЛАНДОВО
ИНФOРМАТОР
за законските права и обврски на учениците и родителите
2012/2013
Советување на родителите
Што претставува нередовно посетување на наставата?
- Доколку ученикот има направено повќе од 10 неоправдани отсуства
- Доколку ученикот има направено повеќе од 100 оправдани отсуства
Што претставува намалување на успехот во учењето?
- Доколку ученикот има недоволни оцени по 3 или повеќе наставни предмети
- Доколку на ученикот му опадне успехот по 3 или повеќе наставни предмети за две и повеќе од две оцени
Што претставува несоодветно однесување на ученикот?
- Ученикот ја попречува воспитно-образовната работа во паралелката
- Ученикот го навредува наставникот
- Се однесува неморално или неетички
- Се однесува асоцијално
- Се однесува антисоцијално
Програмата за советување родители на ученици има за цел:
- да ги надмине актуелните потешкотии низ кои поминуваат учениците
- да ја развивие свеста за потребата од унапредување на родителските вештини, кои позитивно ќе влијаат на квалитетот на животот на ученикот и неговите постигања
Кога родителот односно старателот на ученикот се повикува на советување?
- УЧЕНИКОТ НЕРЕДОВНО ЈА ПОСЕТУВА НАСТАВАТА
- УЧЕНИКОТ ГО НАМАЛУВА УСПЕХОТ ВО УЧЕЊЕТО
- УЧЕНИКОТ МАНИФЕСТИРА НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ
Семејството и училиштето се две клучни средини во кои се одвива животот на децата и младите
Вклученост на родителите во училишниот живот има позитивно влијание врз целокупниот развој, успех и однесување на ученикот.
И Н Ф О Р М А Т О Р З А Р О Д И Т Е Л И
Од 01 Јануари 2012 год
започнува
Советување на родители
во Основните училишта
ООУ Јосип Броз Тито
Валандово
Јануари 2012
Идентификација, пријавување и евидентирање на учениците
Кој ги идентификува учениците и кој го информира психологот?
За нередовно посетување на настава и намалување на успехот во учењето идентификацијата и пријавувањето го врши класниот раководител, а за несоодветно однесување истите покрај класниот раководител може да ги направават и предметните наставници и други вработени лица, родители.
По пријавувањето психологот ги евидентира учениците во посебни евидентни листови.
Кој ги повикува родителите/старателите на учениците на советување и како?
- Родителот односно старателот на ученикот на советување го повикува раководителот на паралелката на пропишан образец – нумерирана покана за советување којашто треба да се испрати најмалку 8 дена пред одржување на советувањето во соработка со психологот.
- Доколку поканата се однесува за несоодветно однесување-неморално, неетничко, асоцијално и антисоцијално однесување на ученикот , пред да се испрати покана се бара стручно мислење од Педагошката служба. Педагошката служба во рок од 10 дена од приемот на барањето доставува стручно мислење за однесувањето на ученикот.
- Ако родителот односно старателот од оправдани причини не може да се јави на поканата должен е за отсуството да го извести раководителот на паралелката пред одржување на советувањето или во рок од 3 дена по советувањето.
Советување
- Советувањето на родителите односно старателите го врши психологот во училиштето.
- Советувањето ќе се реализира во 2 средби во траење од 60 минути според Програма за советување на родители која на предлог на Педагошката служба е донесена од министерот. Советувањето ќе се врши во групи. Бројот на родителите во групите не може да биде поголем од 20.
- За одржаното советување на родителот односно старателот, психологот ќе води записник со листа за присуство.
- Доколку родителот односно старателот не се јави на советување и истиот не го оправдал своето отсуство по втората упатена покана се извествува Педагошката служба.
- Педагошката служба за родителот односно старателот кој не се јавил на советување и истиот не го оправдал своето отсуство поднесува предлог за поведување прекршочна постапка.
- Глоба во износ од 200-250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот односно старателот за прекршок, ако не се јави во утврдениот термин за советување по втората упатена покана.
- Глоба во износ од 500-700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот односно старателот за прекршок, ако не се јави во утврдениот термин за советување по третата упатена покана .