За ученици

  •       ЛИКОТ НА УЧЕНИКОТ

Ученикот треба:

-постојано да се ангажира во постигнување на резултати во наставата и воннаставните активности со коректност, одговорност, објективност и доследност во однесувањето;

-да ги почитува законските одредби и одлуки на органите во училиштето и пошироко;

-секогаш и секаде да внимава на својот јазик кој треба да е литературен, јасен и достоинствен;

-да има одговорен однос кон средствата и условите со кои или во кои работи и учи;

-да се изградува во личност во која може да се има доверба со особини на непосредност, авторитативност, колегијалност, хуманост и разбирање на другите и која во училиштето и пошироката средина има углед;

-да верува во своите способности и си поставува високи барања;

-да избира воннаставни активности за кои има најголем интерес и преку кои ќе ги задоволи своите интереси и ќе ги развива своите таленти;

-со личен пример и со почитување на прописите во училиштето и надвор од него, да се бори против причинителите на болестите на зависност и другите негативни појави – дрога, алкохол, пушење, криминал и слично.

  • УЧЕНИКОТ И УЧЕЊЕТО

Во процесот на свесното учење и работа на своето образование и воспитание ученикот треба да научи;

-да ја развива својата способност на учење;

-да стекнува вештини за лична ефективност, планирање и организација на времето;

-да ги развива личните таленти;

-да решава проблеми и да има критички однос кон научните теории, идеи и идеологии како и спрема носители на истите;

-да ги самооценува сопствените постапки.

  •  УЧЕНИКОТ И НАСТАВНИОТ ЧАС

Ученикот треба:

-навреме и редовно да доаѓа на секој наставен час;

-секогаш да биде подготвен за работа (настава);

-да допринесува и овозможува позитивна работна атмосфера со активно ангажирање на часот;

-да не ја пореметува планираната работа на часот со задоцнето влегување, разговори, излегување, предизвикување конфликтни ситуации и друго;

-да ги почитува сите субјекти за време на часот и другите воспитно-образовни активности.

  •   МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ НА УЧЕНИЦИТЕ

Во негувањето на угледот и достоинството на ликот на ученикот и на училиштето, ученикот е должен да се грижи и придонесува за градење и развивање на позитивни и коректни односи со своите соученици при што:

-ги почитува своите соученици врз основа на другарство, искреност и отвореност;

-меѓусебната соработка ја темели врз основа на взаемно договарање, разменување на искуство и совесно и ефикасно извршување на задачите;

-во комуникацијата со учениците ги цени нивните знаења и индивидуални квалитети и се воздржува од озборување;

-добронамерно и без тенденциозност укажува на слабостите на својот соученик со што го штити угледот на ликот на ученикот и на училиштето;

-треба да биде солидарен со својот соученик особено кога станува збор за социјални и здраствени проблеми;

-треба да им помага на другите ученици пренесувајќи им го своето знаење и искуство.

 

  • ОДНОСОТ НАУЧЕНИКОТ КОН УЧИЛИШТЕТО,  СЕМЕЈСТВОТО И ПОШИРОКАТА ЗАЕДНИЦА

Ученикот е должен да ги почитува и спроведува нормативите на однесување и работа во училиштето, семејството и пошироката заедница при што:

-ја почитува личноста на сите вработени во училиштето, родителите и другите посетители;

-избегнува стил на комуницирање и појави недолични за ликот на ученикот и не користи навредлив-непристоен говор;

-не ги омаловажува и навредува другите во училиштето и надвор од него и не смее да пројавува агресивност, нетолерантност, желба за доминација, болна самоувереност и амбициозност, ослабени позитивни механизми на однесување и слично;

-е искрен и лојален кон себе и другите;

-ги почитува аргументите на другите и не дава непристојни коментари;

-има одговорен однос према средствата, инвентарот, другите материјални добра и условите во кои или со кои работи во училиштето , како и кон уредувањето облагородувањето на училишниот простор и околина ;

-се труди училиштето да биде пријатно и безбедно место  за него и за сите други со навремено и објективно информирање за негативни појави и оштетување на инвентарот и соработува со наставниците, родителите и раководните лица во училиштето;

-навремено и објективно ги информира родителите за својата работа и однесување во училиштето и надвор од него ;

-бара соработка и ангажирање на родителите за решавање на проблеми врз основа на меѓусебна доверба и разбирање;

-придонесува и ја поттикнува комуникацијата и соработката на родителите и училиштето;

-ги почитува и се придржува кон правилата содржани во кучниот ред на училиштето.

  •   ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Секој ученик е должен и се обврзува да го почитува и спроведува овој кодекс. За непочитување и непридржување на Кодексот одговорен е прекршителот лично.

К О Д Е К С

ЗА ОДНЕСУВАЊЕ  НА УЧЕНИЦИТЕ

во ООУ Јосип Броз Тито Валандово

 

  •           ОСНОВНИ НОРМИ И НАЧЕЛ

Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес треба да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и општеството, да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.

Секој ученик треба да биде ценет како личност без ogled  на  negovite способности, таленти, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповест и социјална положба.

На учениците треба да им се овозможи да постигнат успех во рамките на наставниот план и програм во воспитно-образовниот процес, кој го промовира моралниот, менталниот и физичкиот развој во училиштето и општеството, да стекнат знаења и вештини кои ќе бидат корисни во нивниот понатамошен живот и работа за која ќе се определат.

КОДЕКС ЗА ЗАШТИТА НА КОМПЈУТЕРИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО

 

Правила за чување, одржување и однесување кон компјутерите 

  • Чувај го компјутерот тој е твој и на твоето другарче!
  • Внимателно ракувај со компјутерот!
  • Користи го компјутерот само во присуство на наставникот!
  • Следи ги насоките на наставникот и почитувај ги истите!
  • После секоја употреба исклучи го компјутерот и врати го на соодветното место!
  • Чувај ја инсталанцијата во училницата и не ја оштетувај!
  • Пријави го секое недолично однесување кон компјутерите!

 Еко Кодекс

УЧЕНИЦИТЕ ПРИФАЌААТ ДЕКА

  •  Ќе ја штедат водата во училиштето , редовно и совесно ќе ги затвараат славините и ќе го пријават секое нивно оштетување
  • Ќе ја штедат електричната енергија со гаснење на светилките во училниците секогаш кога има доволно дневна  светлина
  • Отпадоците ќе ги фрлаат во корпа за отпадоци и со своето однесување ќе бидат пример за други ученици
  •  Ќе внимаваат правилно да се хранат и своето слободно време да го исполнуваат со различни физички активности
  • Ќе се грижат за растенијата во училиштето и ќе се грижат за уредување на училишниот двор и ентериер
  • Ќе соработуваат со сите вработени во училиштето и ќе поттикнуваат најразлични иницијативи за подигање на еколошката свест кај сите