самоевулација

 

ООУ ЈОСИП БРОЗ ТИТО – ВАЛАНДОВО

САМОЕВАЛУАЦИЈА

 

ЗА ПЕРИОДОТ 2015-2017 ГОДИНА

         

ЈУНИ,2017

       

ТИМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА САМОЕВАЛУАЦИЈАТА

 

 

 

   

Китановиќ Анита,психолог

Тошева Лујза,педагог

Ѓоргиева Офелија,наставник

Павлова Марина,наставник

Ангелов Васе,наставник

Никола Николов,родител

                            СОДРЖИНА   ПОДРАЧЈЕ 1. Наставни планови и програми Индикатор 1.1. Реализација на наставните планови и програми Индикатор 1.2. Квалитет на наставните планови и програми Индикатор 1.3. Воннаставни активности ПОДРАЧЈЕ 2. Постигања на учениците Индикатор 2.1. Постигања на учениците Индикатор 2.2. Задржување / осипување на учениците Индикатор 2.3. Повторување на учениците ПОДРАЧЈЕ 3. Учење и настава Индикатор 3.1. Планирања на наставниците Индикатор 3.2. Наставен процес Индикатор 3.3. Искуства на учениците од учењето Индикатор 3.4. Задоволување на потребите на учениците Индикатор 3.5. Оценувањето како дел од наставата Индикатор 3.6. Известување за напредокот на учениците ПОДРАЧЈЕ 4. Поддршка на учениците Индикатор 4.1. Севкупна грижа за учениците Индикатор 4.2. Здравје Индикатор 4.3. Советодавна помош за понатамошно образование на учениците Индикатор 4.4. Следење на напредокот ПОДРАЧЈЕ 5. Училишна клима и односи во училиштето Индикатор 5.1. Училишна клима и односи во училиштето Индикатор 5.2. Промовирање на постигањата Индикатор 5.3. Еднаквост и правичност Индикатор 5.4. Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница ПОДРАЧЈЕ 6. Ресурси Индикатор 6.1. Сместување и просторни капацитети Индикатор 6.2. Наставни средства и материјали Индикатор 6.3. Обезбедување на потребниот наставен кадар Индикатор 6.4. Следење на развојните потреби на наставниот кадар Индикатор 6.5. Финансиско работење во училиштето ПОДРАЧЈЕ 7. Управување, раководење и креирање политика Индикатор 7.1. Управување и раководење со училиштето Индикатор 7.2. Цели и креирање на училишната политика Индикатор 7.3. Развојно планирање ИЗВЕШТАЈ ПО ИЗВЕДЕНА САМОЕВАЛУАЦИЈА ПРЕДЛОГ-МЕРКИ         ПОДРАЧЈЕ: НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ

бр Индикатори за квалитет Теми
1.1 Реализација на наставните планови и програми v Применувани наставни планови и програми v Информираност на родителите и учениците за наставните планови и програми v Прилагодување на наставните програми на децата со посебни образовни потреби v Избор на наставни предмети v Реализација на проширени програми
1.2 Квалитет на наставните планови и програми v Родова и етничка рамноправност и мултикултурна сензитивност во наставните програми и учебните помагала v Интегрирање на карактеристиките и потребите на локалната средина во наставните програми и учебните помагала v Интегрирање на општите (меѓупредметни) цели на образованието v Влијание на наставниците и родителите врз наставните планови и програми
1.3 Воннаставни активности v Обем и разновидност на планираните и реализираните воннаставни активности v Опфатеност на учениците со воннаставните активности v Вклученост на учениците во изборот и планирањето на работата во воннаставните активности v Афирмирање на учениците и на училиштето преку воннаставните активности

  Индикатор: 1.1 Реализација на наставните планови и програми

  Реализација на наставните планови и програми v Применувани наставни планови и програми v Информираност на родителите и учениците за наставните планови и програми v Прилагодување на наставните програми на децата со посебни образовни потреби v Избор на наставни предмети v Реализација на проширени програми
Извори на податоци   Резултати, Анкетни листови
-Наставни Планови и програми донесени од МОН; -Годишна програма за работа на училиштето;                   -Тематски планирања на наставниците; Нормативни  акти на училиштето; -Стручни упатства и насоки за операционализација на Наставните планови и програми;                       -Педагошка евиденција и документација;               -Анкети со наставници, родители и наставници; -Брошура Применуваните Наставни планови и програми се во согласност со донесените програмски документи од МОН. Наставните планови и програми целосно се реализираат во пропишаниот обем. Училиштето има воспоставено процедури и користи повеќе различни начини да ги информира членовите на Советот на родители и останатите родители, како и сите други кои бараат информација, за целите на Наставните планови и програми што се реализираат. Од спроведената анкета 90% од учениците сметаат дека Наставните планови и програми им се достапни. За учениците со ПОП кои имаат наод и мислење се изготвуваат  прилагодени наставни програми, а со учениците кои имаат потешкотии во учењето се изготвуваат задачи со посебни нивоа според нивните можности. Наставните планови и програми им се достапни на учениците и тие со нив се запознаваат на првиот одделенски час како и на првиот час од конкретниот наставен предмет. Родителите со нив се запознаваат на првата Родителска средба преку брошура или по индивидуално барање. Училиштето целосно ја применува постапката за избор на наставни предмети. Нуди широка понуда на изборни предмети, според наставниот план. Изборот на предмети во училиштето се врши со писмено изјаснување, со изјава на родителите на секој ученик. Родовата и етничката рамноправност и мултикултурна сензитивност е застапена на часовите по Образование за животни вештини и во други предмети. Од спроведената анкета со 90% од анкетираните ученици, 93% од анкетираните родители и 100% од анкетираните наставници се изјасниле дека учениците и родителите се информирани за наставните планови и програми. 51% од  анкетираните  наставници се изјасниле  дека  наставните  планови  и програми   не  се приспособени  на  возраста на учениците; 75% од анкетираните наставници,70% од анкетираните родители и 80% од анкетираните ученици се изјасниле дека има прилагодување на наставните програми за децата со посебни образовни потреби. 61% од  наставниците  сметаат  дека  не се оспособени  за работа со ученици со ПОП. 53% од анкетираните  ученици покрај предавањата од  наставникот, имаат потреба  од  дополнителна помош. 100% од анкетираните ученици и  100% од анкетираните родители се вклучени во изборот на изборните наставни предмети. Училиштето преку формалните органи (Наставнички совет, Совет на родители, Училишен одбор)  планира активности за прибирање и разгледувње мислење за наставните планови и програми и учебните помагала од наставници и родители од аспект на родова и етничка рамноправност и мултикултурна сензитивност.
Јаки страни ü  Наставата се организира и реализира согласно наставните ü  планови и програми. ü  Училиштето има воспоставено процедури за информирање на сите заинтересирани субјекти за реализацијата на наставните планови и програми. ü  Учениците слободно и според своите афинитети, заедно со своите родители, избираат кој изборен предмет ќе го изучуваат. ü  Училиштето реализира  проширена програма почитувајќи ги можностите и потребите на учениците. ü  Училиштето зема активно учество во организирање и присуство на семинари во текот на учебната година. ü  Училиштето реализира настава  за работа со деца со ПОП и има добиени асистивни уреди за работа со истите.
Слаби страни ü  Наставните  програми  не  се приспособени  на  возраста и индивидуалните потреби  на учениците. ü  Учениците покрај предавањата од  наставникот имаат потреба од дополнителна помош при совладувањето   на  наставните содржини. ü  Голем дел од  наставниците не се оспособени за работа со ученици со ПОП.

Индикатор: 1.2 Квалитет на наставните планови и програми

  Квалитет на Наставните планови и програми v Родова и етничка рамноправност и мултикултурна сензитивност во наставните програми и учебните помагала v Интегрирање на карактеристиките и потребите на локалната средина во наставните програми и учебните помагала v Интегрирање на општите (меѓупредметни) цели на образованието v  Влијание на наставниците и родителите врз наставните планови и програми
Извори на податоци Резултати
-Наставните планови и програми; -Годишна програма за работа на училиштето; -Тематските планирања на наставниците, -Педагошка документација и евиденција -Анкети со наставници, родители и ученици; -Записници од Совет на родители; -Записници од Стручни активи; Родовата и етничката рамноправност и мултикултурна сензитивност е застапена на часовите по Образование за животни вештини и во други предмети. Училиштето преку формалните органи (Наставнички совет, Совет на родители, Училишен одбор)  планира активности за прибирање и разгледувње мислење за наставните планови и програми и учебните помагала од наставници и родители од аспект на родова и етничка рамноправност и мултикултурна сензитивност. Постојат добри примери на соодветно интегрирани особености на локалната средина во наставните програми и наставните помагала. Училиштето реализира предавања за односите меѓу половите и нивните сексуални врски, болестите на зависност дрога, репродуктивно здравје, преку програмите за одделенски час, презентации, дискусии од страна на психологот, предавање од страна на МВР (дрога, насилство) Училиштето има разработени насоки за  вградување на меѓупредметните цели во сите наставни програми што ќе се реализираат. Наставниците ги почитуваат и реализираат тие насоки. Училиштето преку Еко–проектот воведува задолжителни  интегрирани часови за заштита на животната средина. 45% од анкетираните  наставници   се  изјасниле  дека  немаат  можност  да   влијаат  на креирање на наставните планови и програми и во иновирањето на истите во воспитно-образовната дејност. Целите во училиштето се во согласност со целите на државната и локалната образовна политика и се фокусирани на подобрување на квалитетот на наставата и постигањата на учениците. Наставниците работат тимски и разменуваат искуства со стручните активи и со другите училишта.
Јаки страни ü  Училиштето зема активно учество во организирање и присуство на семинари во текот на учебната година. ü  Училиштето соработува со локалната средина. ü  Наставниците работат тимски и разменуваат искуства со стручните активи и со другите училишта. ü  Училиштето постојано ги следи и применува изменувањата и дополнувањата на наставните планови и програми од страна на МОН и БРО
Слаби страни ü  Соработката помеѓу наставниците и МОН и БРО не задоволува бидејќи на наставниците им се наметнуваат претходно изготвени промени и измени без консултација и соработка со нив. ü  Наставниците немаат можност  да  влијаат  на креирањето на наставните планови и програми.

  Индикатор: 1.3 Воннаставни активности

  Воннаставни активности v Обем и разновидност на планираните и реализираните воннаставни активности v Опфатеност на учениците со воннаставните активности v Вклученост на учениците во изборот и планирањето на работата во воннаставните активности v  Афирмирање на учениците и на училиштето преку воннаставните активности
Извори на податоци Резултати
-Програми за дополнителна додатна настава и за други воннаставни активности;           -Педагошка документација и евиденција; -Признанија, пофалници од учество на манифестации и натпревари;  -Записници од стручни активи; -Анкета со ученици и родители; Училиштето планира и реализира разновидни воннаставни активности што ги одразуваат потребите и интересите на учениците. Учениците избираат учество во воннаставните активности, според својот интерес. Подеднакво се вклучени сите ученици, без оглед на родовата, етничката и социјалната припадност. Како во сите успешни училишта, така и во нашето, наставниците ги забележуваат интересите на учениците и достигнувањата и ги користат овие информации за да ги мотивираат учениците да се вклучат во различни воннаставни активности. Со учество во воннаставните активности, учениците имаат можност за афирмација во манифестации во училиштето и надвор од него, проширување на знаењата, правилно користење на слободното време и социјализација. Дел од учениците учествуваат и постигнуваат резултати на училишни, регионални, државни и меѓународни натпревари. Постигањата на учениците се промовираат во рамки на училиштето и пошироката локална средина. Од спроведената анкета со 77% од анкетираните ученици и 90% од анкетираните наставници сметаат дека се  вклучени во изборот  на планираните и реализираните воннаставни активности.
Јаки страни ü  Наставниците планираат и реализираат воннаставни активности. ü  Учениците избираат учество во воннаставните активности  според својот интерес. ü  Училиштето обезбедува услови за вклучување на учениците, без оглед на нивниот пол, етничка припадност и социјалното потекло. ü  Учениците учествуваат и постигнуваат резултати на училишни, регионални, државни и меѓународни натпревари и со тоа вршат лична афирмација и афирмација на училиштето. ü  Доделување на награда од страна на училиштето за постигнатите резултати на натпревар, заради поголема  мотивација.
Слаби страни ü  Наставниците сметаат дека исти ученици се премногу вклучени во воннаставните активности – различни натпревари.

  ПОДРАЧЈЕ: ПОСТИГАЊА НА УЧЕНИЦИТЕ

бр Индикатори за квалитет Теми
1.1 Постигања на учениците
  • Следење на постигања на учениците од различен пол, етничка припадност( и јазикот на наставата) по наставни предмети и по квалификациони периоди
  • Подобрување на постигања на учениците од различен пол , етничка припадност ( и јазикот на наставата)
  • Идентификација на учениците со тешкотии во учењето, на надарените ученици и на учениците со посебни образовни потреби
  • Подобрување на постигањата на учениците преку редовната и дополнителната/ додатната настава
  • Следење на постигања на учениците при премин од еден во друг циклус и од едно до друго ниво на образование
1.2 Задржување/осипување на учениците
  • Опфат на учениците
  • Редовност во наставата
  • Осипување на учениците
  • Премин на ученици од едно во друго училиште
1.3 Повторување на учениците
  • Ученици кои не ја завршуваат годината

Индикатор: 1.1 – Постигања на учениците

Теми
  • Следење на постигања на учениците од различен пол, етничка припадност( и јазикот на наставата) по наставни предмети и по квалификациони периоди
  • Подобрување на постигања на учениците од различен пол , етничка припадност ( и јазикот на наставата)
  • Идентификација на учениците со тешкотии во учењето, на надарените ученици и на учениците со посебни образовни потреби
  • Подобрување на постигањата на учениците преку редовната и дополнителната/ додатната настава
  • Следење на постигања на учениците при премин од еден во друг циклус и од едно до друго ниво на образование
Извори на податоци  Резултати
 -Училишни извештаи за успехот, редовноста и поведението по квалификациони периоди. – Извештаи од одделенски и наставнички совет,                  -Записници од дневници,                -Програми за додатна и дополнителна настава -Годишна програма на училиштето -Годишен извештај на училиштето     Училиштето ги следи постигнувањата на учениците во текот на сите наставни периоди по сите наставни предмети, според пол ,етничка припадност  и наставен јазик. Средниот успех на ниво на училиште во последните три години бележи континуирано подобрување што може да се види и од  табеларниот приказ
  2012/2013 МНЈ-( IV-VIII т.е IX  одд.) 3,81 ТНЈ-( IV-VIII т.е IX  одд.) 3.624
2013/2014 3.73 3,339
2014/2015 3,73 3,211
2015/2016
2016/2017

За постигањата на учениците родителите се информираат преку родителски средби, евидентни листови за успех и поведение на учениците,а од учебната 2011/12 имаат можност постигањата на учениците да го следат и преку е-дневник. Училиштето има стратегија и презема конкретни активности за подобрување на постигањата на учениците.За учеството и постигањата на учениците на разни натпревари, конкурси, саеми и слични манифестации се води комплетна евиденција. Учесниците јавно се истакнуваат на одделенски часови, приредби, одделенски совет.За подобрување на постигањата и мотивирање за редовно учење, наставниците користат разновидни и современи форми и методи за изведување на наставата и ги запазуваат критериумите за оценување, за што последните години имаше повеќе обуки на ова тема.Наставниците, сознанијата од семинарите и обуките за вреднување на резултатите во учењето ги применуваат во секојдневната воспитно-образовна работа. Притоа, тие континуирано ги следат постигањата, јавно и со образложение ги соопштуваат резултатите од учењето. Исто така, најголемиот број наставници ги запознаваат учениците со критериумите за оценување на почетокот на учебната година за точно да знаат што од нив се бара за секоја оценка. Се почитуваат стандардите и критериумите за оценување дадени од страна на Бирото за развој на образованието, и самите наставници имаат изработено свои критериуми за оценување кои ги применуваат во наставата.Резултатите од спроведениот прашалник за постигањата и оценувањето на учениците го потврдуваат изнесеното. По мислењето на наставниците за зголемување на мотивацијата и интересот кај учениците,за постигање на повисоки резултати се работи со интерактивни методи, се користи ИКТ во наставата, се изработуваат проекти, презентации, истражувања, посета на институции и сл. Истите овие методи и форми на работа за подобрување на резултатите во учењето ги наведуваат учениците и наставниците. Идентификацијата на учениците со потешкотии во учењето,надарените ученици и учениците со посебни образовни потреби, ја изведуваат главно предметните наставници, раководителот на паралелката и стручната служба. Подобрувањето на постигањата на овие ученици се врши преку рангирање и реализирање на редовна, додатна и дополнителна настава. Учениците имаат можност и самите да посетуваат додатна и дополнителна настава, што може да се види од анкетниот лист за ученици. Раководителите на паралелките, на одделенските часови разговараат со учениците за постигнањата во учењето. Надарените ученици се идентификуваат од страна на предметните наставници, преку оцени, лична евиденција и проценка на секој наставник одделно, како и преку прегледи на наградени ученици. Не се користи мерен инструмент или некој друг модел со наведени индикатори за утврдување на видот на надареноста односно талентираноста на учениците. За надарените и за сите заинтересирани ученици за проширување и продлабочување на знаењата по одделни воспитно-образовни подрачје се организираат часови за додатна настава. Тоа е обврска на наставниците,која по добиените резултати од прашалниците пополнувани од предметните наставници,се исполнува редовно во текот на целата учебна година. Учениците кои имаат потешкотии во учењето работат и со дефектолог кој работи во училиштето два дена во текот на неделата. За да се подобрат постигањата на учениците се планираат дополнителни и додатни активности во училиштето по сите предмети. Сите наставници ги идентификуваат учениците кои имаат потреба од дополнителна настава на одделенските совети и со оваа проблематика се запознава стручната служба. Преку следење на успехот на учениците при преминот од одделенска во предметна настава, стручната служба на училиштето  ги следи постигањата со цел да се види поголемата отстапка кај учениците во однос на успехот и поведението и, согласно со тоа, учениците со поголеми отстапки се повикуваат на советодавен разговор со цел да се утврди причината за тоа и им се дава помош за надминување на тешкотиите. Исто така, се следи и успехот на учениците при преминот од основно во средно образование со цел да се види начинот на оценување и колку учениците континуирано учат. Согласно со ова, резултатите се презентираат на наставничкиот совет, се разговара за нив и се донесуваат соодветни препораки. Заклучоци според анкетните прашалници: 89% од наставниците редовно  го следат и  бележат  напредокот  на учениците и ги поттикнуваат учениците да преземат одговорност  за работа. 96% од наставниците сметаат дека домашните задачи се добро осмислени  се  надоврзуваат  на содржините  на наставата. 73% од учениците сметаат дека оценувањето е праведно и добро организирано. 83% од учениците се изјасниле дека добиваат доволно количина на домашни задачи. Во однос на употребата на ИКТ во наставата 55 % од наставниците се изјасниле дека информатичката опрема  не  задоволува. Во однос на прашањето дали наставниците изготвуваат индивидуален наставен план  за учениците со посебни потреби 65% се изјасниле дека изготвуваат ИОП, доколку има потреба. 90 %  од наставниците  во наставата користат разновидни техники  и методи за подобрување на постигањата на учениците. 80% од родителите и учениците сметаат дека оценувањето е праведно и добро организирано. 68% од учениците сметаат дека  при оценувањето наставниците го почитуваат  нивното мислење. 73 % од учениците се изјасниле дека наставниците ги повторуваат деловите од  наставниот  материјал кој не е добро усвоен. 50% од родителите сметаат дека нивните ученици добиваат премногу домашни задачи. 93% од родителите сметаат дека училиштето е во постојан контакт  со   нив и  секогаш  се информирани  за  однесувањето и   напредувањето    на своето дете.Јаки страни-наставниците редовно  го следат и  бележат  напредокот  на учениците и ги поттикнуваат учениците да преземат одговорност  за работа. -домашните задачи се добро осмислени  се  надоврзуваат  на содржините  на наставата. – оценувањето е праведно и добро организирано. – учениците  добиваат доволно количина на домашни задачи. -во наставата се користат разновидни техники  и методи за подобрување на постигањата на учениците. – при оценувањето наставниците го почитуваат  мислењето на учениците.Слаби страни-Наставниците немаат обука за изготвување на ИОП програма за надарени ученици и за ученици со потешкотии во учењето. – родителите сметаат дека нивните ученици добиваат премногу домашни задачи. – Во однос на употребата на ИКТ во наставата информатичката опрема  не  задоволува.

Индикатор 1. 2 Задржување/осипување на учениците

Теми
  • Опфат на учениците
  • Редовност во наставата
  • Осипување на учениците
  • Премин на ученици од едно во друго училиште
Извори на податоци  Резултати
  -Список на деца од реонот на училиштето што треба да се опфатат во прво одделение (од надлежни служби, едници на локална самоуправа) -Извештаи од училиштето, увид во педагошката евиденција и докуметација, записници од средби со родители – Евиденција за заминати или новодојдени ученици (преведници и друго)   Сите ученици од нашата општина се опфатени во наставата и се води евиденција за сите ученици кои треба да посетуваат настава. Училиштето систематски ја следи редовноста на учениците (според полот, етничката припадност и социјалното потекло), ги анализира причините за отсуство од наставата и навреме презема конкретни активности што обезбедуваат зголемување на редовноста. Училиштето и одделенските раководители соработуваат со родителите и локалната самоуправа за да се зголеми редовноста на учениците во наставата.
МНЈ Прво полугодие оправдани неоправдани вкупно
2012/2013 4181 423 4604
2013/2014 3714 424 4138
2014/2015 4247 583 4830
2015/2016
2016/2017
ТНЈ Прво полугодие оправдани неоправдани вкупно
2012/2013 1190 16 1206
2013/2014 1045 54 1099
2014/2015 1033 178 1211
2015/2016
2016/2017

Родителите навремено се информираат за бројот на оправдани и неоправдани отсуства, се разговара со нив за причините за отсуство од настава. За учениците кои имаат повеќе неоправдани изостаноци, според Правилникот за педагошки мерки, се изрекуваат соодветни педагошки мерки. Во училиштето се спроведува програмата за советување на родители. Училиштето континуирано го следи осипувањето на учениците и од извештаите на стручната служба добиени се резултати дека осипувањето е минимално. Училиштето целосно ја почитува постапката за премин на ученици од едно во друго училиште. При преминот учениците добиваат целосна документација за преминување, а исто така бараат повратна документација за ученикот што преминал.Слаби страни

  • Не се забележани слаби страни

Јаки страни

  • Стручната служба соработува со сите служби во општината кои се задолжени за опфатеноста на учениците во наставата
  • Училиштето систематски ја следи редовноста на учениците според полот, етничката припадност, ги анализира причините за отсуство од настава и навреме превзема конкретни активности што обезбедуваат зголемување на редовноста.
  • Училиштето соработува со родителите и локалната самоуправа за да ја зголеми радовноста на учениците во наставата.
  • Редовно се спроведува советување на родителите

 

Индикатор 3. Повторување на учениците

Теми
  • Ученици што не ја завршуват годината
Извори на податоци Резултати
-Анализа за успехот на учениците во последните три години, -Записници од Наставнички со -увид во педагошката евиденција и документација, -разговори со ученици, родители и стручна служба  Доколку некој ученик не е задоволен од постигнатиот успех по одделни предмети има право да поднесе приговор, согласно Законот за основно образование и Статутот на училиштето.
Јаки страни
  • Систематски се следи, споредува и анализира состојбата со успехот и постигањата на учениците.
  • Родителите навремено се известуваат за постигањата на учениците.
  • Родителските  средби  се  добро организирани од страна на училиштето.
  • Сите ученици ја завршуваат учебната година.
  • Училиштето има свои критериуми за оценување на учениците и ги почитува стандардите дадени од БРО.
  • Родителите, според Законот за основно образование на крајот од учебната година, детално се запознаваат со постигањата на ученицити им се овозможува правото на приговор.
  • Советување на родителите и учениците од страна на стручните служви ако учениците постигнуваат слаби резултати.
Слаби страни
  • Не се забележани слаби страни.

ПОДРАЧЈЕ:  УЧЕЊЕ И НАСТАВА

Бр.

Индикатори за квалитет Теми

1.1

Планирања на наставниците

  • Поддршка и следење на планирањата на наставниците
  • Индивидуални планирања на наставниците
  • Размена на искуства и информации при планирањето
  • Распоред на часови

1.2

Наставен процес

  • Наставни форми и методи
  • Избор на задачи, активности и ресурси
  • Интеракција меѓу наставниците и учениците
  • Приодот на наставникот кон учениците
  •  Следење на наставниот процес

1.3

Искуства на учениците од учењето

  • Средина за учење
  • Атмосфера за учење
  • Поттикнување на учениците за преземање одговорност
  • Интеракција на учениците меѓу себе и со возрасните во училиштето

1.4

Задоволување на потребите на учениците

  • Идентификување на образовните потреби на учениците
  • Почитување на различните потреби на учениците во наставата
1.5

Оценувањето како дел од наставата

  • Училишна политика за оценување
  • Методи и форми на оценување
  • Користење на информациите од оценувањето во наставата

1.6

Известување за напредокот на учениците

  • Известување на родителите за напредокот на учениците

Индикатор 1.1 :   Планирања на наставниците

Теми

  • Поддршка и следење на планирањата на наставниците
  • Индивидуални планирања на наставниците
  • Размена на искуства и информации при планирањето
  • Распоред на часови
Извори на податоци  Резултати
– Годишно планирање – Тематски планирања – Дневни подготовки – Годишна програма за работа на училиштето – Дневник – Инструменти за следење на планирањето на наставниците – Листи за следење на наставниците – Програма за работа на стручните активи – Записници од состаноците на стручните активи – Други докази за кореспонденција – Разговор со директор, стручна служба, наставници      Што се однесува до  наставниот процес сите наставници изготвуваат годишни глобални и тематско-процесни планирања. Исто така и во однос на дневните подготовки наставниците редовно ги изготвуваат и истите ги содржат сите неопходни елементи за успешна организација и реализација на часот. Планирањата на наставниците  содржат јасни насоки што се очекува учениците да научат (кои се очекуваните исходи од учењето), како и кога. Во текот на годината се следат планирањата на наставниците од страна на директорот и стручната служба. Во текот на наставата ги запознаваат учениците со целите на наставата. Во планирањата наставниците јасно го утврдуваат  начинот  на оценувањето и ги користат информациите добиени од оценувањето за да ги идентификуваат  потребите на учениците и ги планираат следните чекори во учењето. Активностите, вклучувајќи ги и домашните работи се планирани за ефективно да се искористи времето и на наставниците и на учениците. Наставниците планираат во рамките на стручните активи и разменуваат искуства и идеи за планирањето преку примена на ИКТ.
Јаки страни ü  сите наставници  изготвуваат годишни, тематски-процесни планирања  и  дневни подготовки; ü  наставниците планираат во рамките на стручните активи и разменуваат искуства и идеи; ü  училиштето има изготвено инструмент за следење и вреднување на планирањата и подготовките на наставниот час. ü  распоредот на часовите  се изработува  според потребите на дететои според просторните можности на училиштето
Слаби страни Нема забележано слаби страни.

 

 

Индикатор 1.2: Наставен процес

Теми
  • Наставни форми и  методи
  • Избор на задачи, активности и ресурси
  • Интеракција меѓу наставниците и учениците
  • Приодот на наставникот кон учениците
  • Следење на наставниот процес
– Прашалник за наставници – Прашалник за ученици – Дневни подготовки – Инструмент за следење и вреднување на изведбата на наставниот час –  Кодекс на однесување на наставниците – Увид на час – Програма за работа на директор/стручна служба          Наставниците користат разновидни форми, методи и техники на учење  во реализација на наставата вклучувајќи и ИКТ и истите соодвествуваат со потребите на учениците. Ги поттикнуваат  учениците активно да учествуваат во наставата и го ценат нивниот придонес. Наставниците користат евидентни листови за оценување на учениците и притоа учениците добиваат повратна информација за нивната работа. Сите наставници се однесуваат со учениците на начин кој промовира взаемно почитување, помош, соработка и разбирање притоа не правејќи разлика меѓу учениците според нивниот пол, социјално потекло и етничка и религиска припадност. Училиштето има пропишана интерна процедура за следење на наставниот процес, истата редовно се применува, а секој наставник се посетува на час најмалку еднаш во полугодие од директорот или стручната служба.
Јаки страни ü  има пропишана интерна процедура за следење на наставниот процес; ü  сите наставници се однесуваат кон учениците  на начин кој промовира взаемно почитување, помош, соработка  и разбирање ü  училиштето поттикнува, мотивира и остварува соработка меѓу учениците
Слаби страни ü  недоволната искористеност на информатичката технологија  во реализација на часовите од технички причини (застареност на компјутерите, немање интернет, недоволен број на ЛЦД проектори во училиштето…) како и невозможноста сите предмети да бидат реализирани со примена на ИКТ;
          Индикатор 1.3: Искуства на учениците од учењето
Теми
  •  Средина за учење
  • Атмосфера за учење
  • Поттикнување на учениците за преземање на одговорност
  • Интеракција на учениците  меѓусебе и со возрасните од училиштето
– Ѕидни паноа – Веб страна на училиштето – Анкетни листови – Ученички портфолија – Разговор со ученичката заедница – Прашалници за ученици – Програма за работа и извештаи на ученичката заедница      Во однос на средината и атмосферата за учење учениците сметаат дека училиштето низ организирани форми поттикнува, мотивира и остварува соработка меѓу учениците. Голем дел од учениците сметаат дека наставниците користат најразлични форми и методи за да го поттикнат нивниот интерес за учење. Учениците се запознаени со критериумите и стандардите за оценување и имаат можност да го искажат  своето мислење. Наставниците ги охрабруваат учениците самостојно да мислат и избегнуваат да ги критикуваат пред други ученици или пред возрасните. Учениците заеднички работат на различни проекти, во групи со различен состав и големина.
Јаки страни ü  наставниците се трудат да го направат процесот на учење интересен за учениците притоа применувајќи најразлични современи техники и методи на учење ü  учениците имаат можност да го искажат своето мислење при решавање на одредени проблеми; ü  учениците имаат изработено програма за работа на ученичката заедница; ü  учениците учествуваат во проекти во и надвор од училиштето; ü  учениците се мотивираат да учествуваат на конкурси и натпревари на регионално, републичко и меѓународно ниво.
Слаби страни ü  нередовно менување на трудовите на учениците кои се изложени во холот на училиштето; ü  веб страната на училиштето не се ажурира редовно ü  учениците не сакаат да учат повеќе од предвиденото  во  наставата.

 

 

Индикатор 1.4: Задоволување на потребите на учениците

Теми
  • Идентификување на образовните потреби на учениците
  • Почитување на различните потреби на учениците во наставата
Дневни подготовки Анкетни листови Ученички и наставнички портфолоија Дневник Увид во евиденција на стручна служба Анкета за ученици Анкета за наставници           Наставниот кадар и стручната служба систематски ги идентификуваат образовните потреби на учениците, како и пречките во процесот на учење на секој ученик и преземаат активности за нивно остварување, односно за нивно отстранување. Ученичките образовни потреби се идентификуваат на различни начини преку процесот на наставата, анкетирањата, разговори, стекнување на основни знаења и вештини, зголемување на интелектуалните способности,социјализација. За да можат да ги задоволат ваквите потреби на учениците, на наставниците им се дава подршка преку организирање на семинари, обуки, десиминации, материјално-технички средства , стручни предавања од вработените во училиштата како и стручни лица надвор од училиштето.
Јаки страни ü  Во училиштето постои сензорна соба во која се работи со децата што имаат потреба ü  Во  текот на неделата во училиштето доаѓа дефектолог кој работи со децата што имаат пречки во процесот на учење ü  Наставниците добро ги познаваат своите ученици , учениците се пофалуваат, се истакнуваат нивните успеси и позитивно се вреднуваат.
Слаби страни ü  Дел од учениците со потешкотии немаат наод и мислење од страна на стручни лица поради што наставниците немаат можност да изработат ИОП
Индикатор 1. 5: Оценувањето како дел од наставата
Теми
  • Училишна политика за оценување
  • Методи и форми на оценување
  • Користење на информациите од оценувањето во наставата
Правилник за оценување и напредување на ученици Стандарди за оценување Критериуми за оценување Дневник Чек листи Евидентни листови Наставничко портфолио Примери на оценети ученички трудови Анкети за ученици и наставници  Училиштето ги применува позитивните законски прописи што го регулираат оценувањето на учениците. Сите наставници користат различни методи и инструменти за оценување и континуирано го следат и оценуваат напредокот на учениците. Сите наставници редовно им даваат повратни информации на учениците за нивната работа. 80 % од родителите сметаат дека учениците објективно се оценуваат. 73% од учениците сметаат дека оценувањето е праведно и добро организирано
Јаки страни ü   Наставниците објективно ги  оценуваат учениците ü  секој наставник има изработено стандарди и критериуми за оценување кои се во согласност со пропишаните стандарди и критериуми  од БРО ü
Слаби страни нема забележано слаба страна

 

 

Индикатор 1.6: Известување за напредокот на учениците  

Теми
  • Известување на родителите за напредокот на учениците
Евидентни листови Дневник Анкетни листови Ученичко досие Е-дневник Увид во педагошка евиденција и документација         Во однос на известувањата за напредокот на учениците училиштето уредно води педагошка евиденција, ги информира родителите за напредокот на нивните ученици, редовно организира средби (формални и неформални, групни и индивидуални…). Најголем дел од родителите сметаат дека добро се информирани за тоа како нивното дете напредува во училиштето  како и дека  сметаат дека училиштето е доволно отворено за  нив.
Јаки страни ü  училиштето редовно прибира информации за постигањата на учениците; ü  води уредна педагошка евиденција и документација, ü  стручната служба организира предавања за родителите на учениците со слаб успех; ü  училиштето редовно организира родителски средби во вечерните часови за да ги информира родителите за постигањата на учениците; ü  родителите имаат можност да го следат напредокот на нивните деца преку е-дневникот; ü  редовно добиваат смс пораки за постигнатиот успех на учениците; ü  родителите сметаат дека можат да поставуваат прашања со кои ги посочуваат проблемите со кои се соочува нивното дете
Слаби страни ü  недостапност на информации за сите активности во училиштето ü  недоволна вклученост  на родителите  во различни активности на училиштето

 

Анализа на резултатите

Во централното училиште се изведува настава од прво до девето одделение, како и во подрачните училишта во Пирава и Чалакли. Во останатите подрачни училишта се изведува настава од прво до петто одделение во комбинирани паралелки. Наставниците изготвуваат годишни, тематско-процесни планирања и истите се во согласност со пропишаните програми од БРО. При изработувањето на годишните програми наставниците соработуваат во рамките на стручните активи. Редовно изготвуваат дневни подготовки кои исто така се според пропишаните стандарди. Планирањата на наставниците се на постојан увид на стручната служба, директорот и просветниот инспектор. Во текот на учебната година наставниците редовно се посетуваат на час и се врши увид во педагошката евиденција што ја водат. Во наставниот процес наставниците применуваат различни форми и методи на настава притоа водејќи сметка за мотивирање на учениците за постигнување на повисоки резултати. Исто така се применуваат иновативни техники на учење и ИКТ. Сите наставници подеднакво се однесуваат кон сите ученици не правејќи разлика во однос на нивниот пол, социјален статус и етничка припадност. Учениците се поттикнуваат да учествуваат во разговор, дискусии со цел да се надминат проблемите или да се задоволат нивните потреби. Исто така учениците се мотивираат да земат учество во најразлични натпревари, конкурси како во рамките на училиштето, пошироката заедница, во рамките на нашата земја и надвор од неа. За учениците со потешкотии во учењето се организира дополнителна настава, а за учениците кои покажуваат поголем интерес се организира додатна настава. Учениците континуирано се следат во нивниот напредок преку водење на ученички портфолија, евидентирање на резултатите во евидентни листи, чек-листи… Се користат најразлични методи на оценување ( самооценување, аналитички листи за следење на напредокот, наставни листови, тестови по тежинско ниво, оценување меѓу учениците…). Учениците за својот напредок добиваат усна повратна информација, писмена повратна информација од наставниците како и евидентни листови на тромесечие и на полугодие. Училиштето редовно ги информира родителите за постигањата на учениците на крајот од секој период преку евидентните листови. Во училиштето редовно се одржуваат предвидените родителски средби. Училиштето е секогаш  отворено за соработка со родителите и стои на располагање со цел постигнување поголеми резултати во успехот на учениците. 89 % од наставниците во својата работа употребуваат нови современи техники и  методи на работа ,а  82% од наставниците користат и интерактивни техники и стилови на учење,77 % наставниците  сметаат дека начинот на кој учат учениците им е интересен. Наставниците сметаат дека на 95 % од учениците просториите во училиштето им се стимулативна средина  за учење.   80% од родителите сметаат дека оценувањето на учениците е објективно и добро организирано. 65% од ученицте имаат позитивен став кон училиштето и постигањата од учењето.

ПОДРАЧЈЕ:  ПОДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ

бр Индикатори за квалитет Теми
1.1 Севкупна грижа за учениците v Заштита од физички повреди и елементарни непогоди v Превенција од насилство v Заштита од пушење, алкохол и дрога v Квалитет на достапна храна v Подршка на учениците со телесни пречки во развојот v Грижа на ученици од социјално загрозени семејства
1.2 Здравје v Хигиена и заштита од болести v Грижа за ученици со здравствени проблеми
1.3 Советодавна помош за понатамошно образование на учениците v Пружање помош при избор на занимањето/институцијата за понатамошно образование, доусовршување или вработување v Грижа за ученици со емоционални потешкотии
1.4 Следење на напредокот v Водење евиденција за индивидуалниот напредок на учениците v Анализа на напредокот на учениците во паралелки

  Индикатори: 1.1 Севкупна грижа за учениците

Теми   v Заштита од физички повреди и елементарни непогоди v Превенција од насилство v Заштита од пушење, алкохол и дрога v Квалитет на достапна храна v Подршка на учениците со телесни пречки во развојот v Грижа на ученици од социјално загрозени семејства
Извори на податоци Резултати
-Записници од индивидуални разговори со ученици и родители,             -увид во педагошката евиденцуја,            -Годишна програма за работата на училиштето. -Податоци за организирана исхрана на учениците,         -интервјуа со наставници, родители и ученици и               -податоци за организирање трибини и предавања во училиштето -анкета со наставници Училишниот простор е безбеден за изведување на настава. Училиштето има пропишани мерки и активности за безбедност на учениците во текот на наставата во училишната зграда и училишниот двор и истите ги реализира според планираното.Инфраструктурата во училиштето (мебелот,скалите, подовите, кровот, прозорите, струјните места, дворот и итн.) се безбедни и не претставуваат потенцијална опасност од повреди на учениците. Сите опасни места кои не можат да се избегнат се посебно означени или оградени.Исто така, има и интерен правилник за заштита од пожари, експлозии, опасни материи и други елементарни непогоди како и за спасување на луѓето и имотот. Во училиштето се забранува секаков облик на насилство манифестиран од страна на возрасните и учениците и се наведуваат механизми за справување со евентуална појава на насилство.Изготвен е Акционен план за превенција од насилство , протокол на постапките при насилство како и кодекси на однесување на вработените и учениците и куќен ред на училиштето и истите се  достапни за сите . Вработените ја знаат својата улога и одговорноста  во процесот на заштита на децата и водат грижа за нивните права и достоинство. За таа цел соработуваат меѓусебно, со родителите, стручните соработници а по потреба и со релевантни институции. За обезбедување на благосостојба на учениците, за време на наставата која се изведува во две смени има дежурни наставници кои водат грижа за да не настанат проблеми за време на одморите во училиштето и училиштниот двор. За дополнителна заштита на учениците и навремено алармирање на одредени ситуации, училиштето е под видео надзор (влезови, холот, ходниците). Училиштето ги користи сите позитивни законски прописи за санкционирање на сите облици на однесување кои се сметаат за психичко, физичко и сексуално насилство и во случај на поднесување на поплаки училиштето настапува навремено и непристрасно. Според пишан документ, во училиштето се забранети сите видови на психичко и физичко насилство. Училиштето има донесено Кодекс на однесување на учениците, истакнат на јавно место во кој е наведено дека, доколку кај учениците се јават проблеми од било каков карактер (лични, во врска со училиштето, социјалниот живот) можат да се обратат за помош кај наставниците. цата кои покажуваат облици на наприлагодено однесување. Ретките конфликти кај учениците кои се јавуваат во училиштето  се надминуваат преку разговорите со одделенските раководители, родителите, стручните соработници, предметните наставници и други институции. Училиштето има политика за забрана за пушење, конзумирање алкохол и дистрибуција и конзумирање наркотични супстанци.Учениците самостојно имаат изработено знаци за забрана од пушење, користење на алкохол и наркотични средства. Учениците во училиштето не се хранат здраво. Нема стандарди  за тоа која храна може да се дава во кујната иако  користејќи соодветни наставни содржини наставниците им обрнуваат внимание за здрава исхрана на учениците но тоа во голема мера не е прифатено од страна на учениците. Училиштето има обезбедено пристап за деца со телесни пречки во развојот. Во училиштето се води грижа за обезбедување на прибор за работа за учениците од социјално загрозените семејства- бесплатни посети на екскурзии, музеи, театри и слично.Во соработка со локалната заедница – општина Валандово за истите ученици се води грижа преку соработка со Центарот за социјална работа.
              Јаки страни
  • Во училишниот простор има безбедни услови за учениците и вработените.
  • Училиштето има изработен Правилник за заштита и

спасување од елементарни и други несреќи и Елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи и истиот го спроведува во вид на вежби

  • Училиштето располага со прирачна аптека за прва помош.
  • Училиштето ги користи сите позитивни законски прописи

за санкционирање на сите облици на однесување кои се сметаат за психичко, физичко и сексуално насилство и во случај на поднесување на поплаки училиштето настапува навремено и непристрастно и според пишан документ, во училиштето се забранети сите видови на психичко и физичко насилство.

  • Отвореност на училиштето за соработка со родителите и со стручните служби и институции од локалната заедница за поддршка на учениците.
Слаби страни   ü  Нема обучено тим на наставници за давање на прва помош и заштита ü  Редовно да се изведува симулација по Правилникот за заштита и спасување од елементарни непогоди и јасно да се одбележат патокази во училишната зграда кон излезот во случај на елементарна непогода. ü  Училштето не води доволно кампања за здрава исхрана  исхрана на учениците ü  Училиштето не се грижи доволно за квалитетот на храната што им се нуди на учениците

  Индикатор 1.2: Здравје

Теми v Хигиена и заштита од болести v Грижа за ученици со здравствени промени
Извори на податоци  Резултати
-Годишна програма за работа на училиштето,             -Куќен ред,               -Правилник за организација и систематизација на работата и работните места,                        -Записници од надлежни органи за контрола на хигиената и здравјето на децата, -Увид во педагошка евиденција,               -Увид во училишниот простор. -Анкета со наставници и ученици и родители, искази од вработени   Во училиштето се води грижа за хигиената, особено за тоалетите кои ги користат учениците.Истите секојдневно се дезинфицираат како и санитариите во нив. Хигиената е на високо ниво како во училниците така и во ходниците, по скалите и во сите други простории во училиштето иако анкетирањето на учениците и наставниците се добиени одговори дека самите ученици и наставници делумно или воопшто не се задоволни од одржувањето на хигиената во училиштето.Прозорците, вратите и другиот инвентар генерално се чистат по два пати во секое полугодие. Училишниот двор и сите земјени и тревни површини редовно се одржуваат од страна на техничкиот персонал и хаус мајсторот но и од учениците од сите паралелки кои имаат определен дел кои сами го чистат еднаш месечно. Училиштето има  изготвен план за следење на систематските и стоматолошките прегледи и редовното вакцинирање на учениците. На учениците поради заболување или посериозни повреди кои подолго време отсуствуваат од настава им  се дава можност за проверување на знаењата и при тоа се соработува со нивните родители, здравствените установи, МОН-ПЕ Валандово како и со Центарот за социјална работа. За ова може да се види и од спроведената анкета за ученици и наставници:
  • –  За прашањето “Задоволен/на сум од хигиената во училиштето“ 68% од родителите  родителите  сметаат дека хигиената во училштето  е добра.
  •  89 % од наставниците   не се задоволни од хигиената во училиштето.

Слаби страни  ü  недоволно водење кампања за здрава храна во училиштето ü  општа хигиена во училиштетоЈаки страни  ü  Во случај на појава на заразна болест, училиштето спроведува процедура за заштита од нејзино ширење. ü  Училишниот двор се одржува чист и секое утро од него се собираат сите отпадоци. ü  Се вршат редовни санитарни прегледи на вработените и инспекциски увид на училишниот простор

  Индикатор1.3: Советодавна помош за понатамошно образование на учениците

Теми v Пружање помош при избор на занимањето/институцијата за понатамошно образование, доусовршување или вработување v Грижа за ученици со емоционални потешкотии
Извори на подато  Резултати
Записници од работилници, Флаери, Предавања Интервју со стручни соработници- психолог и педагог Анкета – родители, наставници, ученици Училиштето им обезбедува на учениците јасни, точни и најнови информации за можностите за понатамошно образование. За таа цел организира сопствени активности, користње на кариерното катче , користење  промотивни материјали од образовните институции (флаери, трибини, презентации од општинското државно  средно училиште на град Валандово,посета  на отворени денови на средни приватни и државни училишта и др.) за професионална информација и ориентација на учениците. Подготовката што ја организира училиштето за учениците за избор на понатамошно образование по завршување на основно образование опфаќа широк спектар на добро структурирани пристапи: на пр. самооценување на вештините и интересите на учениците, помош во изработка на кратка биографија-CV, редовно информирање на родителите и учениците за помошта што може да ја добијат во училиштето преку пишани и усни соопштенија од страна на одделенскиот  раководител и стручните соработници. Во училиштето се даваат прашалници за утврдување на професионалните интереси на учениците и се применуваат тестови за општи и специфични способности кои помагаат во професионалното ориентирање на учениците. Исто така се водат индивидуални и групни разговори со учениците пред запишувањето во средно образование при  што  се насочуваат согласно покажаните знаења и одредени способности кои ги поседуваат.  За учениците кои не се определени за избор на занимање се организира советување и со нивните родители. Училиштето има изготвена програма за работа со ученици со емоционални потешкотии, при што се води грижа за социо- културниот статус на семејствата, социјална негрижа, ситуациии на појава на болест во семејството, отсуство на еден од родителите.Со овие ученици и  родители советодавно се работи од страна на наставниците и стручните соработници, а доколку е потребно се упатуваат во релевантни институции(  ЦСР,СВР…) Од спроведената анкета добиени се следниве податоци:
  • На тврдењето од родителите “Учениците кои имаат лични проблеми  добиваат стручна помош  во  училиштето“  одговориле :многу е така 39 % , во целост е така 36%,  малку е така одговориле 16 %,  воопшто не  е така  9%
  •  На тврдењето од наставницте  “Наставниците соработуваат со стручната служба  при решавање на различни проблематични  ситуации во училиштето , а по потреба консултираат и надворешни служби“ 18 % во целост се согласуваат, 67 % многу се согласуваат, 13 % малку се согласуваат и 2% воопшто не се согласуваат.

Слаби странинема забележано слаба странаЈаки страниü  Училиштето има програма за професионална ориентација на учениците ü  Во деветто одделение, учениците имаат можност да присуствуваат на повеќе презентации од претставници од средни училишта, кои ќе им помогнат при изборот на своето понатамошно учење. ü  Училиштето води грижа за учениците со емоционални потешкотии без оглед на изворот (на пр. Семејно насилство, семејна негрижа, развод на родителите, болество семејството …) ü  Училиштето соработува со здравствени установи, Центар за социјални работи, и други организации икомпетентни институции.

  Индикатор: 1.4 Следење на напредокот

Теми v Водење евиденција за индивидуалниот напредок на учениците v Анализа на напредокот на учениците по паралелки
Извори на податоци Резултати
  -Ивештаи и анализи, разгледување на педагошка евиденција и документација -Разговор со наставници и стручна служба.   Напредокот, односно постигањата на учениците редовно се следат  преку одржаните одделенски и наставнички совети. Присутноста, односно редовноста на учениците континуирано се следи и евидентира од страна на предметните и одделенските наставници и стручните соработници.За учениците кои неоправдано отсуствуваат од настава се применуваат, односно изрекуваат соодветни педагошки мерки. Родителите на учениците кои имаат намален успех во учењето, нередовно ја посетуваат наствата или несоодветно се однесувааат се покануваат  на советување од страна на одделенските наставници и раководители, а советувањето го спроведува психологот на училиштето. Евиденцијата  за напредокот и редовноста на учениците е достапна за сите заинтересирани целни групи. За истото тие се информираат  од извештаите на одделенските и наставничките совети, а учениците и родителите на одделенските чесови, односно на одржаните родителски средби и приемни денови и состаноците на Ученичката заедница. Наставниците водат евиденција за постигањата, редовноста и поведението на секој ученик/ученичка, како и за неговиот/нејзиниот интелектуален, социјален и емоционален развој(од прво до трето одд. деветгодишно образование).Во евиденцијата се внесуваат и податоци за напредокот на ученикот/ученичката што се добиени како резултат на проценка направена од страна на наставниците во соработка со стручните соработници и родителите на ученикот/ученичката. Постои ефективна соработка меѓу раководниот кадар, стручните соработници, одделенските/предметните наставници и родителите за постигањата на учениците. Наставниците и стручните соработници подготвуваат редовни извештаи и анализи на крајот на секој класификационен период, по пол, предмети и етничка припадност, споредбено три години наназад. На учениците кои преминуваат во друго училиште им се издава преводница со печат и потпис од одделенскиот раководител и директорот заведена во Деловникот на училиштето и ученичка книшка, писмена согласност  за префрлување во друго училиште и согласност за прифаќање од другото училиште.
Слаби страни ü  Недоволна самоиницијативност на родителите да се вклучат во образованието на своите деца
Јаки страни –        За секое одделение се води дневник на паралелка во кој се наведени учениците со име и презиме, постигнувањата т.е оценките по одделните наставни предмети, поведението, отсуствата (доколку ги има). –        Постои ефективна соработка меѓу раководниот кадар, стручната служба, одделенските наставници и родителите за постигањата на учениците. –        Евиденцијата за постигнувањата на учениците им е достапна на сите наставници, на учениците и на нивните родители. –         Нашето училиште  води електронски дневник, со кој се овозможува полесно информирање и секојдневна контрола од страна на родителите за постигнувањата и изостаноците на своите деца. –        За подобрување на резултатите на учениците и наставата, функционираат активите по сродните предмети кои соработуваат, за решавање на одредени проблеми или надминување на слабостите по соодветните предмети. –        Континуирано информирање на родителите за успехот, поведението и редовноста на учениците

ПОДРАЧЈЕ :  УЧИЛИШНА КЛИМА И ОДНОСИ ВО УЧИЛИШТЕТО

Бр Индикатори за квалитет Теми
1.1 Училишна клима и односи во училиштето v Углед/имиџ на училиштето v Кодекс на однесување v Училишна клима v Поведение и дисциплина во училиштето v Партиципација на учениците во решавањето проблеми и донесувањето одлуки
1.2 Промовирање на постигањата v Промовирање на личните постигања на учениците v Промовирање на постигањата во име на училиштето
1.3 Еднаквост и правичност v Познавање на правата на децата v Еднаков и правичен третман на сите ученици v Прифаќање и промовирање на мултикултурализмот
1.4 Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница v Соработка на училиштето со родителите v Соработка со локалната заедница v Соработка со деловната заедница и невладиниот сектор

  Индикатор: 1.1 –  Училишна клима и односи во училиштето

Теми v Углед/имиџ на училиштето v Кодекс на однесување v Училишна клима v Поведение и дисциплина во училиштето v Партиципација на учениците во решавањето проблеми и донесувањето одлуки
Извори на податоци  Резултати
  • Анкетенпрашалник                                     ( наставници, ученици, родители)
  • Педагошка евидеција
  • Веб страна на училиштето
Училиштето  работи и создава услови за остварување на визијата и мисијата на училиштето.   Училиштето се  грижи  за здравјето и безбедноста на учениците : ги следи редовните вакцинации и систематските прегледи, обработува теми за личниот и социјалниот живот на учениците преку  работилници , има поставено безбедносни камери и води позитивна политика во однос на насилното однесување.   Училиштето ги негува родовата сензитивност и мултикултуризам преку организирање на активности во кои се вклучени учениците од различна етничка припадност, организирање на патронат, екскурзии..   Училиштето ја подржува инклузивноста и превзема конкретни активности за помош и поддршка за учениците и нивните родители.(80 % од анкетираните одговориле позитивно)   Родителите и учениците ги почитуваат наставниците. 88% од наставниците сметаат дека училштето ги поттикнува учениците на самостојна работа .   Наставниците знаат како да го решат проблемот со учениците во паралелката(79%) 45 % од наставниците сметаат дека  ученицте недоволно учествуваат за носење одлуки за животот и работата во училиштето. 39 % од наставниците сматаат дека учениците малку  се однесуваат во согласност  со моралните вредности. 36 % од учениците немаат желба да научат повеќе од предвивеното.   Родителите се задоволни од управувањето и организацијата на училиштето. Родителите сметаат дека етничката , верската и културната различност се препознаваат и негуваат. Родителите сметаат дека училиштето ги штити учениците од насилство и злоупотреба. Родителите сметаат дека директорот е компетентен и посветен на работата. Наставниците сметаат дека родителите   се поттикнуваат на соработка со наставницте со цел следењље на напредувањето на учениците Ученицте сметаат дека меѓу нив и вработените владеат добри односи  и дека во училиштето можат да научат добро да соработуваат со другите луѓе.   Училиштето има кодекс на однесување  со кој се почитуват принципите и правилата на однесување во училиштето- за наставниците и учениците.   Училиштето има пишани процедури за реагирање во случај на прекршување и таквите процедури се спроведуваат во пракса.(според правилникот за изрекување на педагошки мерки)     Постои професионална соработка мегу вработените.   Вработените ги  упатуваат учениците да се грижат за училиштето и едни за други.   Во училиштето, има работна атмосфера како за време на наставата, така и во воннаставните активности и учениците се дисциплинирани, учтиви и соработуваат со наставниците .       Учениците се навремено информирани за сите работи кои се од нивен интерес .
Слаби страни ü  Учениците недоволно учествуваат во носење одлуки за животот и работата во училиштето ü  Дел од учените не се однесуваат  во согласност со моралните вредости   ü  учениците немаат желба да научат повеќе од предвивеното.
Јаки страни ü  Вработените во училиштето, учениците и родителите се активно вклучени во училишниот живот и во создавањето и негувањето на угледот и имиџот на училиштето. ü  Училиштето има кодекс на однесување и истиот се почитува од страна на наставниците и учениците. ü  Почитување на етничката , верската и културната различност кај учениците ü  Постои професионална соработка меѓу вработените.   ü  Ученици  се чувствуваат  подеднакво прифатени од  останатите ученици. ü  Наставниот кадар игра важна улога во одржување на постојано добра атмосвера во училиштето. ü  Училиштето соодветно го применува правилникот за изречување на педагошки мерки.

Индикатор: 1. 2-  Промовирање на постигањата

Теми v Промовирање на личните постигања на учениците v Промовирање на постигањата во име на училиштето
Извори на податоци  Резултати

 

  • Анкетен прашалник        ( наставници, ученици, родители)
  • Педагошка евидеција
  • Веб срана на училиштето
Високите очекувања во однос на успехот, дисциплината и редовнста на учениците наставниците успешно ги организираат и реализираат.   Учениците се стремат кон повисоки успеси како на ниво на училиштето, така и на национално ниво.   Училиштето има изградено систем на вреднување и начин како учениците да се промовираат во рамките на училиштето и на национално ниво. (80% од  анкетираните се согласуваат)   Училиштето превзема активности за промовирање на постигањата на учениците. (40% од анкетираните одговориле негативно)   Во училиштето редовно е изложено пано со трудови од ученици   Училиштето води политика на поттикнување на наставниот кадар и учениците да учествуваат и постигнуваат успех на локално, регионално и национално ниво и ги наградува учениците за постигнатите успеси. (90% од анкетираните се согласуваат)   Учениците на генарации се истакнати во училишниот хол. (40% од анкетираните одговориле негативно)   Преку додатна настава , СУА ,училишни натпревари-  им се нуди можност за изразување на своите способности и креативност. (80% од анкетираните се согласуваат)
Слаби страни ü  Училиштето треба да се заангажира  и превземе активности за промовирање  на учениците  кои постигнале резултати од било која област и надвор од рамките на училиштето. ü  Учениците на генарации треба да се истакнати во училишниот хол.
Јаки страни   ü  Преку додатна настава , СУА ,училишни натпревари-  им се нуди можност за изразување на своите способности и креативност . ü  Наставниците секогаш организираат училишни натпревари и ги поттикнуваат учениците да учествуваат на истите ü  Училиштето има развиено систем за наградување на наставниот кадар кој придонел  за учество и успешно постигнати резултати од страна на одреден учени.

 

Индикатор: 1. 3-  Еднаквост и правичност

Теми v Познавање на правата на децата v Еднаков и правичен третман на сите ученици v Прифаќање и промовирање на мултикултурализмот
Извори на податоци  Резултати
  • Анкетен прашалник        ( наставници, ученици, родители)
  • Педагошка евидеција
  • Веб срана на училиштето
Вработените во училиштето ги знаат и ги почитуваат правата на детето , ги едуцираат учениците за своите права и обврски и ги  заштитуваат во случај на нивно нарушување. (35% од анкетираните одговориле со негативен одговор)   Училиштето  превзема активности за запознавање на родителите со законските правата и обврски на децата преку брошура(95% од анкетираните се согласуваат)   Вработените во училиштето во сите свои активности (наставни или воннаставни) подеднакво се однесуваат кон сите ученици, независно од нивниот пол, етничка припадност , социјална структура. Вработените ги промовираат  еднаквоста и правичноста како темелни вредности. Учениците се едуцираат како да препознаат конкретни ситуации на дискриминација и како да се справат со неа. (90% од анкетираните се согласуваат)   Училиштето ги промовира и  позитивно ги вреднува етничката , културната , верската и јазичната разноликост во училиштето и заедницата. Учениците се учат да ја почитуваат како својата, така и културата и традицијата на другите етнички заедници. Училиштето организира заеднички наставни или воннаставни активности и ги користи сите можни стратегии за обезбедување на меѓуетничка соработка.   Училиштето води грижа за здравјето на детето со организирање на редовни вакцинации и систематски прегледи.   Преку обележување на детската недела, и низ секојдневни активности ги запознава со нивните права и им овозможува да ги практикуваат   85% од наставниците сметаат дека тие заедно со учениците отворено разговараат за еднаквоста на сите лица без оглед на полот, националната, етничката , верската и друга определба. Училиштето учествува во проекти кои ги предлага локалната самоуправа
Слаби страни   нема забележано слаби страни
Јаки страни ü  Вработените во училиштето ги знаат и се грижат доследно да се почитуваат правата на детето ü  Учениците учат да ја почитуваат сопствената и културата и традицијата на другите етнички заедници во Р.М. ü  Училиштето води грижа за здравјето на детето со организирање на редовни вакцинации и систематски прегледи. ü  Преку обележување на детската недела, и низ секојдневни активности ги запознава со нивните права и им овозможува да ги практикуваат ü  Училиштето организира работилници со родителите за да ги запознае со правата на децата . ü  Училиштето зазема активно учество во проекти како „Училишта без насилство“ каде се едуцираат и наставниците и родителите и учениците како да препознаат и да се справат со дискримнација во училишен концепт. ü  Организира „Училишен базар“ каде родителите и учениците во соработка со наставниците подготвуваат и презентираат храна типична за својата култура и традиција.

    Индикатор: 1. 4 –  Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница

Теми v Соработка на училиштето со родителите v Соработка со локалната заедница v Соработка со деловната заедница и невладиниот сектор
Извори на податоци  Резултати
  • Анкетен прашалник        ( наставници, ученици, родители)
  • Педагошка евидеција
  • Веб срана на училиштето
Училиштето редовно организира средби со родителите, каде на конкретен начин ги известува родителите за постигањата, успехот и поведението на учениците за тој период.(педагошка евиденција)   Класните и одделенските раководители навремено ги известуваат родителите за родителските средби. Класните и одделенските раководители секогаш имаат утврден дневен ред и подготвена тема за разговор или работилница со родителите. Родителите се задоволни од квалитетот на одржување на родителските средби.   Училиштето остварува постојана соработка со локалната заедница во рамките на законската регулатива.Комуникацијата и размената на информации и податоци со локалната заедница е постојана.   Училиштето го промовира активното вклучување на учениците во работата на локалната заедница со спроведување на заеднички проекти и организирање и учество на настани од интерес на заедницата. Залагањето на локалната заедница за афирмирање на нашето училиште  во регионот и пошироко.(75% од анкетираните одговориле позитивно) Училиштето остварува успешна соработка со невладиниот сектор во општината. ( 95 % од анкетираните одговориле позитивно)   Нашите ученици активно учествуваат во одбележувањето на Денот на хендикепираните лица, Денот на книгата, Денот на Европа  исл. Училиштето остварува постојана соработка со Црвениот Крст од Валандово, преку организирање на хуманитарни акции за собирање на храна, облека, училишен материјал, книги, парични средства за социјално загрозените категории на граѓани кои имаат потреба од тоа.   Во соработка со училиштето се организира и натпревар во прва помош каде учество имаат учениците од  шесто до деветто одделение. Во соработка со Здравен Дом-Валандово се реализираат советувалишта и едукации на учениците за заштита од злоупотреба на дрога, СПБ, малолетничка деликвенција, алкохолизам и други пороци кои ја демнат младината во денешно време. Училиштето остварува соработка и со Шумското Стопанство-Саланџак од Валандово од каде се обезбедуваат садниците потребни за Денот на дрвото.
Слаби страни ü  Соработката и одзивот на родителите кај учениците што покажуваат слаб успех и поведение не е на задоволително ниво. (од педагошка евиденција на наставниците и пед.псих. служба) ü  Училиштето треба да ја зајакне соработката со деловната заедница и да им се овозможи на учениците увид во процесот на производство на облека(посета на конфекција), увид во процесот на производство на раноградинарски култури(посета на оранжерии),увид во процесот на обработка и производство на вино(посета на винарска визба) и др. ü  Училиштето не секогаш добива подршка при реализација на активности од локалната самоуправа .
Јаки страни ü  Училиштето редовно организира средби со родителите, каде на конкретен начин ги известува родителите за постигањата, успехот и поведението на учениците за тој период ü  Во училиштето постои и беспрекорно функционира Советот на родители, каде што претставниците на родители од секое одделение се запознаени со успехот, поведението, постигнувањата на учениците во целина, родителите учествуваат во донесувањето на битни одлуки кои се од особен интерес за учениците и училиштето и сл. ü  Постојаната соработка на локалната заедница и училиштето. ü  Залагањето на локалната заедница за афирмирање на нашето училиште  во регионот и пошироко. ü  Училиштето остварува успешна соработка со невладиниот сектор во општината.

ПОДРАЧЈЕ: РЕСУРСИ

бр Индикатори за квалитет Теми
1.1 Сместување и просторни капацитети v 1.Просторни услови v 2.Искористеност на просторни капацитети
1.2 Наставни средства и материјали v 1.Опременост со стручна литература и наставни средства и помагала v 2.Училишна библиотека v 3.Потрошен материјал
1.3 Обезбедување на потребниот наставен кадар v 1.Број на вработени и соодветност на наставниот кадар v 2.Ефективност и распоредување на кадарот v 3.Стручна служба како подршка на наставниот кадар
1.4 Следење на развојните потреби на наставниот кадар v 1.Професинален развој  на наставниците
1.5 Финансиско работење во училиштето v 1.Постапки со кои се обезбедува почитување на законската регулатива за финансиско работење v 2.Транспарентност во планирањето и трошењето на училишниот буџет

  Индикатор: 1

Теми Просторни услови Искористеност на просторните капацитети
Извори на податоци Резултати
  Годишна програма за работа, план за развој на училиштето, непосреден увид, записници од просветна и санитарна инспекција, распоред на часови, полугодишен и годишен извештај, записници од работа на стручни активи, анкета со наставници и ученици Многу добро – училишниот простор ги исполнува условите за изведување на наставата според Нормативот. Големината на училниците соодветствува со бројот на учениците во паралелките. Училиштето располага со соодветно опремени кабинети во централното училиште по наставните предмети: физика, хемија, биологија, англиски јазик, француски јазик, македонски јазик, математика, музичко, историја и географија. Училиштето располага со соодветно опремена спортска сала и спортски терени: два тениски, едно фудбалско, едно кошаркарско, едно ракометарско во централното училиште ,како и разновидни спортски терени во подрачните училишта во с.Пирава ,с.Чалакли и с.Брајкоци.. Делумно задоволува – и покрај тоа што поголемиот број на училници се соодветни на бројот на ученици во паралелките, сепак се чувствува потреба од кабинетска настава по некои предмети во подрачните училишта и приспособување на просторните услови за поергономски и пријатни услови за одвивање на наставата во подрачното училиште во с.Чалакли,како и недостаток од простории за изведување на практична настава и воннаставни активности. Исто така се чувствува недостаток од простории за изведување на наставата во една смена,посебно во училиштата во Валандово и с.Пирава. И покрај тоа што училиштето располага со спортска сала  истата не овозможува пријатна атмосфера за време на реализацијата на наставата по физичко и здр.обр. посебно во зимските периоди заради ниските температири и недостиг од греење.Исто така и покрај тоа што спортската сала поседува соблекувални со тоалети и простории за туширање сепак истите не се во состојба за да ги задоволат потребите на учениците.
Слаби страни Недостаток на простории за практична настава и воннаставни активности и простории за изведување на наставата во една смена во училиштата во Валандово и с.Пирава. Недостаток од кабинети во подрачните училишта. Недостаток од греење во спортската сала и функционални тоалети и простории за туширање. Недостаток на просторија за наставници  во делот каде се сместени училниците  за  учениците од одделенска настава
Јаки страни Училиштето ги исполнува условите за изведување на настава според Нормативот и располага со пријатни просторни услови за изведување на наставата кои се соодветно опремени: кабинети, спортска сала, спортски терени.
Препораки за идни приоритетни активности Изградба на четири нови училници за изведување на наставата во една смена. Приспособување на просториите за ергономски и пријатни услови во подрачното училиште во с.Чалакли. Приспособување на просториите во подрачните училишта за изведување кабинетска настава. Приспособување на тоалетите и просториите за туширање за попријатни услови. Обезбедување на греење во спортската сала. Обезбедување на простор за наставници од одделенска настава  на првиот кат.
Теми 1.Опременост со стручна литература и наставни средства и помагала 2.Училишна библиотека 3.Потрошен материјал
Извори на податоци Резултати
Анкета со наставници и ученици, непосреден увид во документацијата за набавување на стручна литература и наставни помагала, разговор со техничкиот персонал, самоевалуација на училиштето и план за развој на училиштето, полугодишен и годишен извештај, годишна програма и записници од стручни активи Многу добро – училиштето редовно ги утврдува потребите за наставни средства и помагала вклучувајќи книги, материјали за практична работа, аудио – визуелна и ИКТ опрема, и континуирано ги обновува за да соодветствуваат на современите наставни текови. Наставниците и учениците знаат кои наставни средства и материјали им се на располагање и истите ефективно и ефикасно ги користат во наставата и учењето. Наставниците и учениците имаат пристап до интернет. Делумно задоволува – училиштето располага со стручна литература и наставни средства кои делумно соодветствуваат со современите наставни текови. Во тек на реализацијата на наставата делумно се користи ИКТ опремата и интернет заради недостиг од ЛЦД проектори.И покрај тоа што училиштето располага со спортска сала и спортски терени се чуствува недостиг од  наставни средства за реализација на наставата по физичко и здр.обр.(топки за ракомет,одбојка,фудбал,кошарка,вратило,разбој..).
Слаби страни Недостаток соодветна стручна литература и наставни средства за реализација на наставата според современите наставни текови (Smart table). Недоволен број на ЛЦД проектори  во централното и  некои од подрачните училишта Недостаток од наставни средства за реализација на наставата по физичко и здр.обр. во одделенска настава. Во училиштето не редовно има пристап до интернет.
Јаки страни Училиштето располага со разновидни книги, материјали за практична работа и аудио – визуелна и ИКТ опрема.
Препораки за идни приоритетни активности Набавка на разновидна стручна литература и дел од ИКТ опрема ( уште  ЛЦД проектори) со што ќе се овозможи редовна примена на ИКТ во наставата,како и набавка на Smart table . Набавка на наставни средства (топки за разновидни спортови) за реализација на наставата по физичко и здр.обр. за одделенска настава

 

Теми 1.Опременост со стручна литература и наставни средства и помагала 2.Училишна библиотека 3.Потрошен материјал
Извори на податоци Резултати
Годишна програма за работа, план за развој на училиштето, непосреден увид во библиотечната евиденција, разговор со одговорното лице, полугодишен и годишен извештај, записници од работа на стручни активи, анкета со наставници и ученици Многу добро – училиштето има училишна библиотека која располага со повеќе од 5 наслови на книги по ученик вклучувајќи ги и лектирните изданија. За училишната библиотека има одговорно лице кое прописно ја води библиотечната евиденција. Библиотеката е добро подредена и отворена за користење од страна на учениците во текот на целиот училишен ден. Делумно задоволува – и покрај тоа што училишната библиотека е добро подредена, има недостаток од компјутер и пристап до интернет. Училишната библиотека не располага со доволен простор и услови за користење од страна на учениците.
Слаби страни Недостаток на компјутер и пристап до интернет и недостаток на простор каде учениците би можеле во самата библиотека да ја користат расположливата литература, да читаат.
Јаки страни Училиштето располага со добро подредена библиотека во која има повеќе од 5 наслови на книги по ученик, и одговорно лице кое прописно води евиденција.
Препораки за идни приоритетни активности Набавка на компјутер и обезбедување на просторни услови за користење на библиотеката од страна на учениците.

 

Теми 1.Опременост со стручна литература и наставни средства и помагала 2.Училишна библиотека 3.Потрошен материјал
Извори на податоци Резултати
Годишна програма за работа, план за развој на училиштето, непосреден увид во документацијата за планирани и набавени потрошни материјали, полугодишен и годишен извештај, записници од работа на стручни активи, анкета со наставници и ученици Делумно задоволува –Училиштето ја планира набавката на основниот потрошен материјал,но набавката делумно ги задоволува реалните потреби на училиштето. Училиштето иако располага со опрема за фотокопирање и печатење која им е на располагање на наставниците,сепак се чуствува недостиг од опрема за печатње.
Слаби страни Набавка на недоволна количина потрошен материјал и недостиг од опрема за печатење и фотокопирање.
Јаки страни Во училиштето редовно се обезбедува потрошен материјал  и располага со опрема за фотокопирање и печатење
Препораки за идни приоритетни активности Редовна набавка на потрошен материјал во количина која ќе ги задоволува потребите на вработените. Набавка на  печатар  за секоја училница  од одделенска настава.

 

Теми 1.Број на вработени и соодветност на наставниот кадар 2.Ефективност и распоредување на кадарот 3.Стручна служба како подршка на наставниот кадар
Извори на податоци Резултати
Увид во досиета на вработените и правилникот за систематизација, разговор со директорот, годишна програма за работа на училиштето, анкета со наставници и ученици Многу добро – училиштето има обезбедено доволен број на наставници за реализирање на воспитно – образовниот процес вклучувајќи и кадар обучен за работа со деца со посебни потреби. Наставниот кадар е во согласност со нормативите и е квалификуван и способен да ги преземе одговорностите во наставата согласно потребите на учениците и училиштето во целина. Работата на наставниот кадар е соодветно надополнета и олеснета од страна на административно техничкиот персонал.
Слаби страни Нема
Јаки страни Доволен број на квалификувани и стручни наставници вклучувајќи и кадар за работа со деца со посебни потреби и административно технички персонал кој им помага во работата на наставниот кадар.

 

Теми 1.Број на вработени и соодветност на наставниот кадар 2.Ефективност и распоредување на кадарот 3.Стручна служба како подршка на наставниот кадар
Извори на податоци Резултати
Увид во досиета на вработените и правилникот за систематизација, разговор со директорот, годишна програма за работа на училиштето, анкета со наставници и ученици Многу добро – наставниците ефективно придонесуваат за работата на училиштето и успешно работат како тим во рамките на стручните активи. При распределба на кадарот во предвид се земаат квалитетите, искуството и експертизата на наставниците што придонесува за исполнување на целите на наставата. Кога е соодветно училиштето ангажира специјализирани наставници или експерти во соодветната област кои ефективно работат со наставниот кадар од училиштето. Училиштето има механизми за брза и соодветна замена во случај на пократко или подолго отсуство на наставниот кадар.
Слаби страни Нема
Јаки страни Тимска работа во рамките на стручни активи, механизми за брза и соодветна замена.

 

Теми 1.Број на вработени и соодветност на наставниот кадар 2.Ефективност и распоредување на кадарот 3.Стручна служба како подршка на наставниот кадар
Извори на податоци Резултати
Увид во досиета на вработените и правилникот за систематизација, разговор со директорот, годишна програма за работа на училиштето, анкета со наставници и ученици, програма за работа на стручна служба Многу добро – Училиштето има стручна служба која им помага на наставниците во организација на наставата, следење на напредокот на учениците, справување со проблемите на индивидуално и групно ниво и давање советодавна помош на учениците. Стручната слижба во својата програма за работа планира и спреоведува разновидни активности за работа со учениците и наставниците и е секогаш отворена за соработка.
Слаби страни Нема
Јаки страни Стручна служба која е секогаш отворена за соработка и редовно им помага и на наставниците и учениците.

 

Теми 1.Професионален развој  на наставниците
Извори на податоци Резултати.
Интерни акти, анкета со наставници и ученици, разговор со стручната служба, наставниците и директорот, програма за професионален развој на наставниот кадар, програма за работа на менторот и нововработениот. Многу добро – училиштето ги идентификува потребите на наставниците за професионален развој, има програма и стратегии за обезбедување на професионалниот развој (вклучувајќи и менторство и обезбедува финансиска подршка согласно идентификуваните потреби). Училиштето има стратегија за десиминирање на знаењето на кадарот. Наставниот кадар има ажурирани портфолија за професионален развој. Делумно задоволува – училиштето иако ја почитува законската регулатива за професионален развој на кадарот нема внатрешни механизми за оддавање признанија на кадарот што би довело до ефективни иновации во работата. Исто така има недостиг и обуки посебно во полето за работа со деца со посебни потреби (дислекција),како и за користење на Smart table.
Слаби страни Недостаток на внатрешни механизми за оддавање признанија на кадарот. Недостаток на обуки  наставниците за работа  со  деца со посебни потреби и Smart table.
Јаки страни Училиштето има програма и стратегии за обезбедување на професионалниот развој, и за десиминирање на знаењето на кадарот.
Препораки за идни приоритетни активности   Создавање внатрешен механизам за оддавање признанија на кадарот. Спроведување на обуки за деца со посебни потреби и користење на Smart table.

 

Теми 1.Постапки со кои се обезбедува почитување на законската регулатива за финансиско работење 2.Транспарентност во планирањето и трошењето на училишниот буџет
Извори на податоци Резултати
Резултати Увид во финансов план, развоен план и годишна програма за работа, разговор со директорот, записници и одлуки на УЈП, разговор со Советот на родители, склучени договори, тендери за јавни набавки, понуди. Многу добро – Постапките за финанскиско работење што ги спроведува училиштето се во согласност со законските норми. Раководниот кадар има разбирање за механизмите што може да ги користи за стекнување на дополнителни финансиски средства и будно го следи наменското трошење на буџетот со цел да добие соодветен квалитет за потрошените финансиски средства. Училишниот одбор е запознаен со финансиските активности на училиштето.
Слаби страни Нема
Јаки страни Финансиско работење на училиштето во согласност со законски норми, следење на наменското трошење на буџетот од страна на раководниот кадар и училишниот одбор.

 

Теми 1.Постапки со кои се обезбедува почитување на законската регулатива за финансиско работење 2.Транспарентност во планирањето и трошењето на училишниот буџет
Извори на податоци Резултати
Увид во финансов план, развоен план и годишна програма за работа, разговор со директорот, записници и одлуки на УЈП, разговор со Советот на родители, склучени договори, тендери за јавни набавки, понуди. Многу добро – Училиштето ги информира органите и телата за училишниот буџет и трошењето. Одговорните лица редовно дискутираат за информации поврзани со ресурсите и преку одлуките што ги носат обезбедуваат економичност, ефикасност и правичност во распределување на финансиските средства. Раководниот кадар ги консултира сите вработени кога е тоа потребно. Буџетот се користи се користи наменски и за креативни цели кои се фокусирани на подобрување нана квалитетот во наставата, учењето и развојот на училиштето во целина.( замена на под во 4 училници во централното улилиште)
Слаби страни Нема
Јаки страни Добра информираност на органите и телата на училиштето за буџетот и трошоците, наменско користење на буџетот и за креативни цели за целокупен развој на училиштето.

ПОДРАЧЈЕ: УПРАВУВАЊЕ,РАКОВОДЕЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКА

бр Индикатори за квалитет Теми
1.1 Управување   и раководење со училиштето v Управување   и раководење со училиштето
1.2 Креирање на училишна политика v Јасност и соодветност на целите v Процедури за креирање на училишната политика
1.3 Развојно планирање v Цели на развојното планирање v Професионален развој/стручно усовршување на кадарот v Материјално-технички средства v Инфраструктура

  Индикатор: 1.1  Управување и раководење со училиштето

Извори на податоци  Резултати
Деловникот за работа на УО, Статутот на училиштето, Записниците,одлуките и извештаите од работата на УО, Самоевалуацијата и Планот за развој на училиштето, Програмата за работа на дитекторот, Интервјуата со наставниците,родителите и учениците, Интервјуто со УО, Анкетни листови за наставници,членови на УО и директор 1.Работата на УО е јасно дефинирана и се раководи според Деловникот за работа на УО, согласно со законската регулатива и Статусот на училиштето.Состаноците се одржуваат и реализираат во согласност со деловникот за работа на УО при што е задолжително присуство на најмалку еден претставник од поединечните структури во УО освен во случај на најавено отсуство. Училиштето редовно обезбедува обуки за членовите на УО заради успешно извршување на улогата на управување. УО има воспоставено партнерски односи со Раководниот орган на училиштето и другите образовни структури. УО одлично соработува со директорот и вработените во училиштето и редовно дава информации за неговата работа. УО при донесувањето на одлуките не  е пристрасен.     2.Раководниот орган има стратешка определба заснована врз јасна визија што ги содржи гледиштата на сите вклучени страни во животот на училиштето, со цел училиштето да биде средина за учење во која ќе се обезбеди ефикасна настава со користење на современа технологија и во која ќе се создаде здрава клима за меѓусебно почитување и доверба.Раководниот орган објективно го оценува квалитетот на на вработените, учесвото во тимската работа и промоцијата на секојденвната практика на училиштето. Донесува одговорни одлуки и има изградено личен кредибилитет и професионален однос кон работата што се заснова врз најнови знаења и вештини,вклучувакќи и способност да делегира ефективно, да комуницира и раководи со вработените и нивниот развој.Иницира и успешно раководи со промените во образовниот систем.Идентификува и се фокусира на јасни приоритети идентификувани во развојниот план преку ефективна самоевалуација,а во центарот на своето работење ги става постигањата на учениците и подобрувањето на училиштето.Воспоставува продуктивни партнерства во непосредната и пошироката заедница и обезбедува средства преку проекти и активности кои ги искористува за подобрување на условите во училиштето.
Слаби страни ü
Јаки страни УО има воспоставено партнерски односи со Раководниот орган на училиштето и другите образовни структури. УО одлично соработува со директорот и вработените во училиштето и редовно дава информации за неговата работа. УО при донесувањето на одлуките не  е пристрасен. Раководниот орган ги става учењето и постигањата на учениците во фокусот на школките  активности. Целите на раководниот орган се насочени кон унапредување на квалитетот на учењето и подобри постигања на учениците.

Индикатор 1.2 . Цели и креирање на училишната политика   ЦЦЦЦЦелиЦ2Цеидххг Ц цЦели и Цли и креирањ училшната полика

Теми1.Јасност идбоа v Јасност и и соодветност на целите v Процедури за креирање на училишната политика
-Годишната програма за работа на училиштето, Самоевалуацијата, -Развојниот план на училиштето, -Акциони планови, Анкети/интервјуата со директорот,стручната служба,наставниците,родителите,учениците, -Записниците од ОУ/советот на родители/наставничкиот совет, -Интерните акти.  1.Во согласност со целите на државна и локалната образовна политика, целите научилиштето се прецизни и јасни и се фокусирани на подобрување на квалитетот  на наставата и постигањата на учениците. Вработените, родителите и учениците активно учествуваат во креирањето на целите и се запознаени со начинот  на нивното остварување и подобрување.Постигнатите цели имаат позитивно влијание на работата во училиштето.     2.При креирањето на училишната политика активно учество заземаат вработените, кои исто така  учествуваат во ажурирањето на стратегиите на целите и со помош на раководниот орган учествуваат во реализирањето на училишната политика при што акцент ставаат на подобрување на условите за работа, зголемување на квалитетот на наставата, како и почитување и соработка меѓу наставниците и учениците.
  Слаби страни ü
Јаки страни Во креирањто на училишната полкитика активно учествуваат вработените, родителите, учениците кои во корелација со раководниот орган целат кон подобрување на квалитетот

  Индикатор 1.3    Развојно планирање

Теми v Цели на развојното планирање v Професионален развој/стручно усовршување на кадарот v Материјално-технички средства v Инфраструктура
Извори на податоци Самоевалуацијата и развојниот план на училиштето, -акциски планови за постигање на поставените цели, -планот за следење и евалуација на реализација на акциските планови, -планот за професионален развој, -интервјуата со директорот,наставниците,родителите и со учениците, -годишната програма за работа..   Целите на развојното планирање се јасни и прецизни и ги отсликуваат мисијата, визијата и вредностите на училиштето во чие поставување се  вклучени наставниците, родителите, учениците и претставниците од локалната заедница. Училиштето изготвува планови за поставените цели и има изготвено  планови  за следење и евалуација на реализацијата на активностите и постигање на поставените индикатори за успешност. Училиштето редовно ги информира наставниците, учениците и родителите за поставените цели и динамиката на нивното реализирање, како и за постигнатите резултати. Училиштето секогаш ги зема во предвид ставовите на наставниците, родителите, учениците и локалната заедница.  Училиштето има подготвено програма и обезбедено финансиски средства во согласност со потребите за стручно усовршување на сите вработени и унапредување на воспитно-образовниот процес. Во состав со потребите на наставниците се изготвени и Програма за професионален развој на наставниците и наставничко портфолио. Усовршувањето на наставниот кадар се врши преку различни начини (обуки, семинарски средби, стручни активи, работилници, стручна литература, ИКТ и др.) Според потребите и можностите се настојува трендот на професионално усовршување да продолжи и во претстојниот период, со негово надградување. Училиштето има подготвено програма за стручно усовршување на вработените, вклучувајќи обуки за работа со ученици со посебни образовни потреби но со селективен пристап во нејзината реализација Училиштето навремено ги идентификува потребите од материјално-технички средства и континуирано ги планира и ги обезбедува.Централното и подрачните училишта располагаат со простор кој ги задоволува потребите за реализација на наставата и тоа како во училишните објекти така и надвор во училишниот двор и спортските терени ( 1 спортска сала и 5 спортски игралишта ).Наставата се одвива во училници и кабинети. Училниците т.е. кабинетите се просторни и уредени според потребата за наставата, опремени со нагледни средства според потребите. Училиштето води постојана грижа за збогатување на нагледноста во наставата и тоа како со средства кои се издвијуваат од училишниот буџет за таа цел, така и од реализација на проекти.Училишниот инвентар е добар, а голем дел од него е и обновен. Училиштето располага со опрема која ги задоволува потребите за работа на вработените и учениците. Централното училиште располага со кабинет по информатика со 13 комјутери, еден лаптоп, 3 компјутери за административни потреби, компјутери во секоја училница за секое дете, лаптопи за ученицте од 1-во до 3-то одделение на кои е инсталиран образовниот софтвер -Тул кид,  ЛЦД проектори, 2 интерактивни табли, телевизори, ЦД плеери и ДВД во секое училиште, 2 клавири, 2 синтисајзери, еден дигитален апарат и др. За потребите на техничкиот персонал  за одржување на училишниот инвентар и за училишната околина има косачки за трева,апарат за заварување и други апарати. Училиштето се стреми кон постојано подобрување на условите во кои се реализира наставата.   Училиштето редовно го ревидира планот за подобрување и осовременување на инфраструктурата на училиштето и обезбедува сопствени средства од донатори за наменско инвестирање во истата. .Работата на училиштето е финансирана од средства од буџетото на РМ кои преку општината се трансферираат на сметка на училиштето.Покрај ова училиштето располага и со сопствен буџет и тоа остварува закуп на објекти ( училишна кујна, спортска сала, други спортски терени).Овие средства се употребуваат за подобрување на условите во училиштето. Училиштето има воспоставено соработка со локалната заедница во однос на подобрување на инфраструктурата. Училниците се просечно опремени со нагледни средства според потребите. Дел од нагледните материјални-технички средсвта се нефункционални и неискористени ( компјутерите кои не се функционални). Училиштето според потреба интервенира и обезбедува средтства за подобрување на инфраструктурата на училиштето. Училиштето има добра соработка со локалната самоуправа која делумно помага во реализирањето на поставените цели
Слаби страни Покрај големиот број на обуки и семинари кои наставниот кадар ги постеува, сепак голем е делот на наставниците кои се изјасниле за потреба од обуки за деца со посебни потреби.
Јаки страни Училиштето има соодветна програма и финансии со цел унапредување и усовршување на наставниот кадар, како и програма за следење и евалуација на реализацијата на активностите за постигање успешност. Во тој план секогаш се земат предвид и ставовите на наставниците, родителите, локалната заедницаУчилиштето располага со голем спортски комлекс кој вклучува спортска сала и 5 спотрки терени. Училниците се просторни и уредени според потребата за наставата, опремени со нагледни средства според потребите. Вградено е систем на парно греење во ПУ  во с. Брајковци.

 

Работни групи по подрачја за изготвување на самоевалуацијата

ТИМ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРАШАЛНИЦИ

 

1.Китановиќ Анита 2. Тошева Лујза

ТИМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА И ПРИБИРАЊЕ НА ПРАШАЛНИЦИ

1. Павлов  Павле (координатор) 2. Наташа Стојаноска 3.Магдалена Арабаџиева 4. Атанас Митков 5. Весна Чочкова 6. Марина Павлова 7. Даниела Виларова 8. Даниела Џонова 9.Станка Петрушева 10. Октај Тахир 11. Нурај Омерова 12. Асине Идризова 13. Мирослав Петров

ТИМ ЗА ОБРАБОТКА  НА РЕЗУЛТАТИТЕ

 

1. Маргарета Зајкова (координатор) 2. Весна Тошевска 3. Елисавета Занова 4. Софија Стојменова 5. Џоко Дулгеров 6. Тодора Котевска 7. Каменка Дончева 8.Виолета Гошева 9. Јулија Тушевска  

ТИМ ЗА АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

 

1. Васе Ангелов (координатор) 2. Зоран Спасов 3. Македонка Делева 4. Лепа Чочкова 5.Васе Павлов 6. Зоран Тодоров 7. Офелија Ѓорѓиева 8. Анета Гетова 9. Тања Глигорова 10. Катерина Гугуљанова

 

 

 

 

 

 

 

РЕЗИМЕ ОД ИЗВРШЕНА САМОЕВАЛУАЦИЈА

 

               Врз основа на член 147 став 1,2,и 3 од Законот за основно образование и измените според член 18 од од законот за измени и дополнувања на Законот за основно образование ,,Сл.весник на РМ,, бр.33/2010, Комисијата за изготвување самоевалуација на работата на ООУ „Јосип Броз Тито“-Валандово ја спроведе самоевалуацијата за периодот од 2015 до 2017 година. Во спроведувањето на самоевалуацијата на работата на училиштето работеа  четири тима  на наставници кои имаа средби и разговори со сите вработени во училиштето, извршија проверка на потребната евиденција и документација , спроведоа анкети со ученици, наставници, родители,  директорот и членовите на стручните тела и органи во училиштето, а исто така и со претставници од локалната средина. Со самоевалуацијата беа опфатени следните подрачја   1. Наставни планови и програми 2. Постигнување на учениците 3. Учење и настава 4. Поддршка на учениците 5. Училишна клима и односи во училиштето 6. Ресурси 7.Управување, раководење и креирање политика Сите добиени податоци тимовите ги анализираа водејќи се од Законот за основно образование, а користејќи ги Индикаторите за квалитетот на работата на училиштето изготвени од МОН и ДПИ. Врз основа на комплетните извештаи со утврдени јаки и слаби страни во однос на секој индикатор за работењето на училиштето, комисијата за спроведување на самоевалуацијата  го донесе следниот извештај со конкретни предлог мерки за работење на училиштето во наредните учебни години.                                       ПРЕДЛОГ МЕРКИ    

ü  Наставните  програми  да  се приспособат  на  возраста и индивидуалните потреби  на учениците. ü  На учениците покрај предавањата од  наставникот да им са овозможи дополнителна помош при совладувањето   на  наставните содржини. ü  Во училиштето да се комплетира стручната служба со дефектолог кој ќе работи со учениците со ПОП во текот на цела недела ü  Обезбедување на обука за изготвување на индивидуални програми за надарени ученици и ученици со потешкотии во учењето ü  Поголема функционалност на тимот за идентификација и проценка на образовните потреби кај децата со посебни потреби и надарените деца; ü  Соработката помеѓу наставниците и МОН и БРО наставниците да имаат можност  да  влијаат  на креирањето на наставните планови и програми. ü  Да се вклучуваат различни ученици во воннаставните активности – различни натпревари. ü  Наставниците да имаат обука за изготвување на ИОП програма за надарени ученици и за ученици со потешкотии во учењето. ü  Во однос на употребата на ИКТ во наставата да се подобри информатичката опрема. ü  Поголема искористеност на информатичката технологија  во реализација на часовите од технички причини (застареност на компјутерите, немање интернет, недоволен број на ЛЦД проектори во училиштето…) како и невозможноста сите предмети да бидат реализирани со примена на ИКТ; ü  менување на трудовите на учениците кои се изложени во холот на училиштето; ü  Редовно ажурирање на веб страната на училиштето ü  учениците да се поттикнуваат да учат повеќе од предвиденото  во  наставата. ü  учениците со потешкотии да обезбедат наод и мислење од страна на стручни лица поради што наставниците немаат можност да изработат ИОП ü  информациите да бидат достапни за сите активности во училиштето ü  родителите да бидат вклучени во различни активности на училиштето ü  Да се обучи тим на наставници за давање на прва помош и заштита ü  Редовно да се изведува симулација по Правилникот за заштита и спасување од елементарни непогоди и јасно да се одбележат патокази во училишната зграда кон излезот во случај на елементарна непогода. ü  Училштето да води кампања за здрава исхрана  исхрана на учениците ü  Училиштето да се грижи за квалитетот на храната што им се нуди на учениците ü  Во случај на појава на заразна болест, училиштето да спроведува процедура за заштита од нејзино ширење. ü  Училишниот двор да се одржува чист и секое утро од него се собираат сите отпадоци. ü  Да се вршат редовни санитарни прегледи на вработените и инспекциски увид на училишниот простор ü  родителите да се вклучат во образованието на своите деца ü  Учениците да учествуваат во носење одлуки за животот и работата во училиштето ü  учените да се однесуваат  во согласност со моралните вредости   ü  учениците да имаат желба да научат повеќе од предвивеното.   ü  Училиштето треба да се заангажира  и превземе активности за промовирање  на учениците  кои постигнале резултати од било која област и надвор од рамките на училиштето. ü  Учениците на генарации треба да се истакнати во училишниот хол. ü  Соработката и одзивот на родителите кај учениците што покажуваат слаб успех и поведение да се подобри. (од педагошка евиденција на наставниците и пед.псих. служба) ü  Училиштето треба да ја зајакне соработката со деловната заедница и да им се овозможи на учениците увид во процесот на производство на облека(посета на конфекција), увид во процесот на производство на раноградинарски култури(посета на оранжерии),увид во процесот на обработка и производство на вино(посета на винарска визба) и др. ü  Училиштето секогаш да добива подршка при реализација на активности од локалната самоуправа . ü  Покрај големиот број на обуки и семинари кои наставниот кадар ги постеува, сепак голем  дел на наставниците имаат потреба од обуки за деца со посебни потреби.

     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *