Јавен повик за образовен асистент за учебната 2021/2022 година


РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основно училиште со ресурсен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.

Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат  услугата  образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021 им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село го има Југоисточниот реон и  ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село,  ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434

И по електронски пат на sv_klimentoh@yahoo.com

со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент

Кон барањето потребно е да се доставиписмо со намеризоштокандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија  (CV), и доколкукандидатот/ка веќеобезбедуваобразовнаасистенција на ученик/ученичка да се наведеимето на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителнапретходнасогласност на родителот/старателотиме и презиме на ученикот/ученичката.

На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 2.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степенте.VI/Aспоред македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава(VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).

Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село.

За регионот кој го покрива ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село, согласно потребите предвидени се 80 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година.  

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 034/355-247 факс 034/355-077 или на мобилен: Звонко Ангеловски 070/263-177 и Елена Гаврилова (кординатор) 075/726-969

Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција  е 5 (пет) работни дена од денот на објавување до  02.07.2021 година.

                                                                                                      ПОУ ,, Св. Климент Охридски “ Ново Слео

                                                                                                                                         Директор:

                                                                                                                               Звонко Ангеловски