Уписи во прво одделение – 2021/2022

Почитувани родители,


ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово Ве известува дека запишувањето на ученици во прво одделение во учебната 2021/2022 год. ќе се врши во текот на месец Мај 2021 год.

Опфатени ќе бидат деца родени 2015 г.

Потребни документи :
– Извод од матична книга на родени (фотокопија)
– Лична карта од родител
– Потврда за примени задолжителни вакцини
– Потврда за извршен стоматолошки преглед (закажување на тел: 078 381-151; 070 832-418 од 08 до 15 часот почнувајќи од 04.05.2021 кај Д-р Билјана Гетова)
– Потврда за извршен офталмолошки преглед (поради моменталната состојбата оваа потврда родителот може да ја достави до почетокот на учебната година. До доставувањето на оваа потврда детето ќе биде условно запишано во прво одд.)

Потврдите треба да бидат издадени од надлежна здравствена установа.

Доколку родителот има интерес, пријавата и документите потребни за упис на детето во прво одделение може да ги поднесе и во електронска форма на uslugi.gov.mk, по што ќе биде закажано интервју со детето.

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, секој родител ќе добие лична покана со наведен датум и термин за уписот на детето.